fbpx

Тунески: Од 2006 година до денес домашното производство на електрична енергија е намалено за цели 30 проценти

-

Колабираше дистрибутивната мрежа за електрична енергија од еден снег поради бизнис-интересите на електродистрибутерот, државната компанија МЕПСО, за барок, туризам и за реклами, обвини Атанаско Тунески, член на Комисијата за енергетика на СДСМ.

– Денеска ќе стане појасно како работи другата државна електро-компанија ЕЛЕМ и зошто од доаѓањето на оваа власт, сметките за електрична енергија се зголемени повеќе од неверојатни 80 проценти: Од 2006 година до денес домашното производство на електрична енергија е намалено за цели 30 проценти! Особено аларамантно е намаленото производство на АД ЕЛЕМ од термоенергетските капацитети ТЕЦ Битола и ТЕЦ Осломеј, само во последните три години. Ако за 21 година, од 1990 до 2011 година, производството се одржувало, само од 2011 до 2014 година производството на електрична енергија од термоелектраните во Македонија е намалено за 27 проценти! – рече Тунески.

Според него, намаленото производството од термоенергетските капацитети, од друга страна, ја зголемува потрошувачката на мазут, којашто од 2008 до 2013 година е зголемена за неверојатни 140 проценти!

– Ова не може да го покрие намаленото домашно производство на струја и, нормално, бара зголемен увоз на електрична енергија. Додека домашните производства на електрична енергија се во слободен пад, се зголемува увизот на струја во земјата, што во последните девет години го достигнува својот врв. Бидејќи сето ова се одразува на пораст на цената на струјата, којашто ќе продолжи да поскапува, власта на Никола Груевски треба веднаш да излезе пред граѓаните и да објасни: зошто остава да пропаѓаат производствените капацитети во земјата? Зошто постојано откажуваат блоковите на РЕК Битола, столбот на елекетроенергетскиот систем во државата? Еден од блоковите, според нашите информации веќе подолг период не работи, а другите два блока работат со намалена моќност. Нели се вложени неколку стотици милиони евра народни пари, како што се тврди, во ревитализација на блоковите? Зошто ТЕЦ Осломеј, ќе покажат пресметките, но, според очекувањата, најверојатно ќе ја заврши 2014 година со најмало производство на електрична енергија од неговото постоење? Дали целата ситуација во електро-енергетскиот систем е производ на ветените, а нереализирани ветувања на власта на ВМРО-ДПМНЕ и дали власта на Никола Груевски свесно го колабира домашниот електро-систем на грбот на граѓаните, за сметка на интереси во електро-бизнисот  и профити на тесната група на власт? – рече Туневски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Нови 44 случаи на пертусис, вкупната бројка на заболени достигна 597

Во последната недела пријавени се 44 нови случаи на голема кашлица, со зголемување од 3 пати споредено со претходниот седмодневен период, информира Институтот за јавно здравје во последниот извештај...