fbpx
Таг: СДСМ

таг: СДСМ

СДСМ: Македонија е темна дупка на Балканот

Ако на -2 Целзиусови степени од струја се отсечени цели региони во земјава, што ќе се случи при најавените -20 степени? Стравуваме дека почна распадот на електро-енергетскиот систем, дело на погрешните политики на власта, на што предупредуваме подолг временски период, рече на денешната прес-конференција Атанаско Тунески, член на Комисијата за енергетика. - Информации до Комисијата за енергетика стигнуваат во секој момент...

СДСМ: Законот за администрација е неуставен

Тоа на што укажуваше СДСМ, дека владиниот закон за административни службеници противуставно ќе удри со казни по администрацијата, го потврди и Народниот правобранител, рече на денешната прес-конференција Љупчо Николовски, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Власта, во Законот што треба да стапи на сила за еден и пол месец, предвидува и оние вработени кои се веќе во работен однос, да полагаат...

Заев и Шекеринска се сретнаа со Соња Локар

Зоран Заев, Радмила Шекеринска и претседателката на Форумот на жени на СДСМ, Цветанка Ласкова, денеска се сретнаа со Соња Локар, извршна директорка на мрежата на Централно-европската иницијатива за родови прашања. На средбата се разговарало за политичката состојба во земјава и во регионот. - Родовата еднаквост, вклученоста на жените во активниот политички живот и едукацијата на жените се правци во кои треба да...

СДСМ: Адвокатот на Груевски за 46.000 евра ангажиран во ЕЛЕМ

„Дали откако се излечи душевната болка на Никола Груевски со 50.000 евра, сега е успокоен и неговиот адвокат? Адвокатот Никола Додевски ќе биде ангажиран од државната компанија ЕЛЕМ, а за тоа, според договорот објавен на страницата на Бирото за јавни набавки, за едногодишната услуга, ЕЛЕМ ќе му плати повеќе од 46.000 евра“, се вели во соопштението на СДСМ. „Случајно или не,...

СДСМ: АЕК во 2015 година ќе потроши еден милион евра на промоција

Агенцијата за електрoнски комуникации, во својот годишен предлог-план за работа за 2015 година, планира да потроши 60.000.000 денари или цел еден милион евра за промотивна кампања, истакна Горан Трајановски, член на Комисијата за информатичко општество на СДСМ на денешната прес-конференција. - Агенцијата не е орган што е сега основан и треба да се промовира и навистина е прашање што тоа Агенцијата треба...

СДСМ бара веднаш да се прекине изградбата на административната зграда на „Водовод“

СДСМ и коалициските партнери од опозицијата уште еднаш најостро се спротивставуваат на изградбата на луксузниот административен објект на ЈП „Водовод“, што ги чини граѓаните 11 милиони евра. Оттаму бараат веднаш да се прекине градбата, зградата да се продаде во сегашната состојба, а парите од продажбата да се искористат за нов, ефикасен и поскромен објект. - За да може да го...

СДСМ: Власта ги заборави инвестициите на домашните претпријатија

Македонија има најниски инвестиции на приватниот сектор во целиот регион на Југоисточна Европа во периодот 2006-2013 година, а проблемот кај нас е што актуелната власт се обидува да ги поттикне само инвестициите на странски компании, а ги заборави домашните, велат од СДСМ. - На големите странски компании им се даваат огромни даночни олеснувања и директна државна поддршка за инвестиции во...

И функционерите ќе плаќаат придонеси за дополнителен приход

Јавноста навикна Социјалдемократскиот сојуз да се испречува на секоја позитивна мерка, без разлика колку е корисна за граѓаните, особено за работниците, а со извртување на тезите, сака да ги манипулира работниците, се вели во реакцијата од Министерството за труд и социјална политика за ставовите изнесени на прес-конференцијaта на СДСМ околу законот за хонорарците. „Со стапување на сила на законските измени кои...

СДСМ: Зошто буџетите на фондовите за пензиско и за здравствено осигурување се празни?

Новите законски решенија ќе доведат до тоа работодавците да настојуваат да ги спуштат договорите за дело под минималната плата за да ги избегнат дополнителните плаќања за здравствено и за пензиско осигурување, рече на прес-конференција Мила Царовска, претседателката на Kомисијата за труд и социјална политика на СДСМ. - На овој начин, голем број граѓани не само што ќе останат без пензиско...

Заев и Шекеринска се сретнале со Томас Јаздгерди

Зоран Заев и Радмила Шекеринска денеска се сретнале со Томас Јаздгерди, директорот во Стејт департментот за Јужна и за Централна Европа. На средбата се разговарало за  актуелната политичка ситуација во Македонија и во регионот. Заев истакнал дека партијата на власт ги узурпира сите државни институции. Како што соопштуваат од СДСМ, Јаздгерди се интересирал за позицијата и за предизвиците со кои...

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е одговорна за политички линч на неистомисленици

Секоја нова одлука на таканаречената Комисија за верификација на фактите е дополнителна потврда дека процесот на лустрација власта го претвори во политичка сатанизација на неистомислениците, стои во реакцијата на  СДСМ. „Целта на таканаречената „Комисија за верификација на фактите“ не е да расчисти со неправдите од минатото, туку на неправеден и незаконски начин да ги санкционира сите оние, кои интелектуално, идентитетски или политички...

СДСМ: Македонија нема договор со САД, чии сметки крие Груевски?

„Ова е федералниот американски закон за даночна усогласеност на нерезидентни сметки (US Foreign Account Tax Complience Act FATCA). Според тој закон, сите државјани на САД, вклучително и оние кои живеат надвор од САД, мора да ги пријават сите свои банкарски сметки надвор од САД од даночни причини“, истакна на денешната прес-конференција Тихомир Илиевски, член на Комисијата за надворешни работи на...

СДСМ: Не функционира речиси целиот мониторинг-систем за проверка на загаденоста

Колку треба граѓаните да платат за да дишат чист воздух? Или до кога граѓаните ќе плаќаат и со своето здравје?, праша денеска Пеце Мирчевски, претседател на Комисија за животна средина и просторно планирање на СДСМ. - Се сеќавате ли дека во Центар, во близина на плоштадот, имаше станица за мерење на загаденоста? Како дел од проектот „Скопје дише“ на градоначалникот Трајановски, скопјани...

СДСМ: Иванов докажа дека Македонија нема претседател

„Добро утро Ѓорге Иванов! По петте години криење во фотелјата на Водно, изгласан на криминални избори, Иванов денеска се осмели да предава за  демократија и за дијалог во 2015 година“, реагираат од опозицискиот СДСМ со соопштение по годишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов. „Да ја имал Иванов храброста за којашто зборува, да му одржи лекција за политички дијалог на менторот Никола Груевски,...

Пендароски: Саудиска Арабија може да извезува само нафта и вахабизам

СДСМ и нејзините коалициски партнери од опозицијата ја проблематизираат посетата на претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, на Саудиска Арабија, во време кога во Белград се одржуваше Самитот на Централна и на Источна Европа со НР Кина. Забелешките ги упатија преку нивниот претседателски кандидат, Стево Пендаровски, кој од партиската трибина на СДСМ во Охрид, го обвини Никола Груевски...

СДСМ: Власта на Никола Груевски сака да ги направи судиите административни фигури

Со предлог-законот за одредување на видот и на висината на казните, власта ја ограничува слободата на судиите. Власта на Никола Груевски сака да им наметне на судиите да бидат само административни фигури, истакна на денешната прес-конференција Горан Сугарески, пратеник од СДСМ. - Наместо независно одлучување според убедување, судиите ќе бидат принудени да ги одмеруваат казните преку шаблонски систем за одземање и...

Димова: Македонија е единствената држава од Западен Балкан за која Советот нема позитивни зборови

Заклучоците на Советот на ЕУ донесоа добри вести за сите држави од нашиот регион, освен за Македонија. Македонија е единствената држава од Западен Балкан за која Советот нема позитивни зборови, реагираат од СДСМ. Од партијата додаваат дека за Македонија, Советот имал само сериозни предупредувања за назадување на реформите и критики во повеќе области. - Во ниту една реченица од заклучоците што се...

СДСМ: Власта веднаш да ги повлече предложените измени во образованието

Владата и Министерството за образование се исплашија и затоа се обидоа да ги пресретнат факултетите, од коишто секојдневно излегува јасно „не“ за државниот испит, истакна на денешната прес-конференција Петар Атанасов, претседател на Комисија за образование и наука во СДСМ. - По Правниот факултет, намерата на Владата за т.н. државен испит ја отфрли Факултетот за драмски уметности. Последната информација е дека во петокот професорите на...

ВМРО-ДПМНЕ: Ако има дискриминација, како Алаѓозоски зел 2.370.000 денари од Готен

Алаѓозовски е најдобар пример дека во Министерството за култура не постои дискриминација бидејќи од 2007 до 2014 година има добиено 2.370.000 денари преку издавачката куќа „Готен“, а само во Годишната програма за 2014 година има четири проекти во вредност од 121.000 денари, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ, по прес-конференцијата на СДСМ. „СДСМ треба да се срами што во континуитет говори со толку политичка...

МОН: СДСМ изнесува невистини за да добие ситни политички поени

Министерството за образование и наука остро реагира на невистините изнесени од Фросина Ременски, а по повод набавката на лаборатории и наводното „изигрување на тендерска постапка“. „Со цел правилно и точно информирање на јавноста, базирано на докази и факти, информираме дека во објавен повик на Министерството за образование и наука бр.43/2010, во согласност со Законот за јавни набавки, во делива постапка,...

ЈО: Сомнеж за поткуп во Делчево и неправилности во селото Бучим

Согласно информациите добиени од јавните обвинителства низ целата држава, денешниот изборен ден на кој се гласа во првиот круг од изборите за претседател на Република Северна Македонија, до овој...