fbpx

СДСМ: Ставрески го дал милионскиот бизнис на фирмата во куќата на Јанакиески

-

Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, вчера не само што го призна скандалот со странската фирма во неговата куќа, добитник на милионски бизнис од Владата, туку и го прошири скандалот во размери што ја тресат пошироко Владата на Никола Груевски, соопшти денеска на прес-конеференција Петре Шилегов од СДСМ.

– Објавивме, и Јанакиески потврди, дека од сите можни локации и илјадници куќи во Прилеп и во Македонија, токму куќата на министерот за транспорт и врски во Прилеп е седиште на германската фирма „Лудвиг Фајфер“, избрана од власта за учество во 30-милионскиот проект Пречистителна станица. Министерот Јанакиески во реакцијата убедува дека не знае како оваа странска фирма станала кираџија токму во неговата куќа во Прилеп – рече претставникот на СДСМ.

Шилегов истакна дека Јанакиески во реакцијата самиот информира дека склучил договор за закуп со „Проект за рехабилитација и продолжување на канализациската мрежа во Прилеп“.

– Ако Владата, односно министерот за финансии Зоран Ставрески, е еден од одговорните за управување со европските пари од компонентата 3 од ИПА, значи лично кумот на Груевски, Зоран Ставрески, го потпишал договорот за милионскиот проект, со фирмата регистрирана токму на имотот на министерот во Владата, Миле Јанакиески?! Ова го прави појасно чудното тврдење на Јанакиески дека склучил договор со проектот и прашањето зошто на проектот би му била потребна куќата на министерот Јанакиески – вели Шилегов.

Од опозицискиот СДСМ бараат Груевски, Ставрески и Јанакиески да објаснат дали вака работи Владата со странски фирми во Македонија?

Од партијата наведуваат дека Јанакиески за период од две години ќе инкасира 16.800 евра, имајќи предвид дека куќата е закупена на 24 месеци, со месечна кирија од 700 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...