СДСМ: „Курир“ потврди дека лаже

„Провладиниот портал „Курир“ денеска потврди дека неколку дена по ред тенденциозно ја лаже јавноста. Со последниот текст „Курир“ потврди дека терминот „бомбона-бизнис“ со којшто манипулираат не се однесува, како што тврдеа, на ЕСМ, туку се однесува на продажбата во четири очи, со директна спогодба и специјални привилегии на рафинерија ОКТА на грчка фирма од страна на Георгиевски и на Груевски“, се вели во соопштението од СДСМ
Бидејки „Курир“ е фатен во лага, тврдат од СДСМ, мора да се служи со нови измислици и затоа се денешните пишувања за некакви закани.

„Вистината е следна: до главните уредници на „Курир“ и на МРТВ, заменик-претседателката Радмила Шекеринска испрати барања за извинување и за јавно повлекување на објавените лаги. Очигледно дека оној кој лаже се плаши од вистината. За лажни пишувања, пред неполн месец Советот за етика во медиумите во Македонија, веќе еднаш ги осуди тенденциозните текстови на провладините портали „Курир“, „Нетпрес“, „Прес 24“ и уште неколку други, како текстови во коишто се кршат повеќе одредби од Кодексот на новинари. Јасно ни е зошто им се неопходни овие количеества лаги и манипулации, мора да се дефокусира јавноста од блокираните патишта и затрупаните патници, од нестабилниот електросистем и од мракот во којшто останаа за празници илјадиници луѓе. Владата којашто полни осум години е на власт, 24/7 ја лаже јавноста и бара други виновници за своите неуспеси“, стои во рекацијата на СДСМ.