fbpx
Таг: сајбер безбедност

таг: сајбер безбедност

ДЗР: Информацискиот систем во Министерство за земјоделство не е опоравен по сајбер нападот

Информацискиот систем во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) не е целосно опоравен по сајбер нападот од октомври лани и не е во состојба да ги преземе податоците од земјоделскиот регистар на Агенцијата за храна и веетеринарство (AХВ). Во МЗШВ и АХВ се користи застарена компјутерска опрема и оперативен систем. Ова се само некои од слабостите кои ги нотирале...

Грковска го посети македонскиот тим кој се справува со симулиран сајбер напад со тимови од Албанија и Црна Гора

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска го посети „Синиот тим“ на Северна Македонија, кој пријателски се натпреварува со сините тимови на Црна Гора и Албанија, во рамки на тридневната регионална вежба за сајбер безбедност. Вежбите имаат за цел да обучат сеопфатни вештини за сајбер капацитети на техничко ниво, да ја подобрат отпорноста...

Лога: Сајбер заканите стануваат почести, пософистицирани и предизвикуваат сè поштетни последици

Министерот за правда Кренар Лога присуствува на Самитот за сајбер криминал на Југоисточна Европа кој се одржува во Шибеник, а говорејќи на панелот на тема „Сајбер криминал - безбедносна закана во Југоисточна Европа и важноста на соработката”, тој порача дека е неопходно секоја држава да обезбеди сигурно, безбедно, доверливо и отпорно дигитално окружување. Лога рече дека сајбер заканите и нападите...

Грковска: Сајбер нападите се постојана закана, мора континуирано да ја јакнеме отпорноста

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска порачува дека заканите за сајбер безбедноста постојано еволуираат и затоа професионалците за сајбер безбедност мора да бидат опремени со најсовремени знаења и алатки за ефективно да се заштитат од нив. Таа се обрати на отворањето на конференцијата „Балкански денови за сајбер безбедност 2023“, која од денеска до 18 мај се...

Поради сајбер-нападот врз АЕК, нивните онлајн услуги се привремено недостапни

Официјално е потврден сајбер-нападот врз Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), кој се случил на 6 април. Од Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (МКД-ЦИРТ) при АЕК за Мета.мк изјавија дека сајбер-нападот бил прекинат истиот ден и дека во тек е анализа за да се утврди начинот на изведба и атрибуција. „Нападот е детектиран и е спречено негово понатамошно ширење....

Дојавите ги направија анксиозни средношколците и им создадоа „дупки“ во знаењата

Послаби постигања и недостаток на знаења, пад во концентрацијата, анксиозност и стрес и кај учениците и кај наставниците. Ова се последиците врз учениците до кои доведоа лажните дојави за бомби, кои со месеци речиси секојдневно го прекинуваа образовниот процес. Изминативе неколку недели дојави нема, откако училишните раководства почнаа да го применуваат новото упатство од Министерството за внатрешни работи (МВР),...

Шемата на лажните дојави за бомби: 905 закани, oсум градови, 76 електронски адреси [инфографик]

Пишуваат: Мери Јордановска и Антонија Поповска   Осум градови, вкупно 905 лажни дојави за бомби, од кои 876 биле во основни и во средни училишта. Речиси третина од дојавите се случиле во среда, а најретко дојави имало во понеделник. Февруари бил месец на најмногу дојави - само пет дена во текот на училишната недела (без да се земат предвид викендите), немало...

Усвоен концептот за дигитална трансформација, ќе се воведува електронска лична карта

Владата на денешната седница го усвои Концептот за дигитална трансформација на општеството, кој, како што соопштуваат од владината прес-служба, ќе претставува предуслов за напредок и во борбата против корупцијата и јакнењето на транспарентноста и доброто управување. Овој документ минатиот месец беше усвоен од Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, со кој раководи вицепремиерката Славица Грковска. „Концептот е документ кој ги...

Владата усвои итни мерки, јавната администрација ќе оди на обуки за сајбер-безбедност

Владата на денешната седница, на предлог на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска усвои сет мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите кои ќе се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор, информираат од владината прес-служба. „Овие мерки следуваат по серијата активности за координација со донаторите и чинителите во областа на...

Безбедноста на веб-страниците на државните институции е скап процес, недостасуваат експерти, обуки и стандарди

Во изминатиот период, веб-страниците на државни институции беа мета на хакерски напади. Најсвежи се случаите со „IKnow“ системот за електронска поддршка на најголемиот државен универзитет во државата „Св. Кирил и Методиј“, кој не функционираше со денови, а повеќе од две недели, надвор од целосна употреба беше веб-страницата на Министерството за образование и наука. Во септември, Министерството за земјоделство, шумарство...

Сајбер безбедноста и човековите права на Интернет во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Институциите не успеале правилно да комуницираат за сајбер нападите што погодија повеќе државни интернет-страници изминативе месеци. Во новата епизода на Шорткат, во која главна тема се сајбер безбедноста и човековите права на Интернет, претставуваме дел од резултатите од истражувањето на Фондацијата Метаморфозис. Покрај ова, информираме и за два од најголемите проблеми во главниот град периодов - сообраќајниот хаос и аерозагадувањето. Носиме...

Топ три причини зошто да присуствуваш на „е-Општество.мк“

На 6 декември започнува осумнаесеттото издание на меѓународната конференција „е-Општество.мк“ кое годинава се фокусира на темата „Сајбер отпорност за слобода и безбедност“. На оваа конференција, фондацијата „Метаморфозис“ ќе собере локални и странски експерти, новинари, активисти, државни службеници и други релевантни општествени чинители кои ќе зборуваат за приватноста и безбедноста во дигиталната ера, како и за поттикнување и негување на...

Отпорноста од хибридни напади ќе ја подобриме со членство во НАТО сајбер центарот за одбрана

Во рамки на официјалната посета на Естонија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи го посети НАТО Центарот за кооперативна сајбер одбрана (NATO Cooperative Cyber Defence Centre of Excellence - NATO CCDCOE) со седиште во Талин, Естонија, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР). На средбата со директорот на Центарот, Март Норма Османи потенцираше дека сајбер безбедноста е високо на агендата...

Руски хакерски напад врз сајтови на бугарските државни институции

Руски хакерски напад се случи вчера врз веб-страниците на бугарската влада, претседателот и Уставниот суд. Одговорноста за сајбер-нападот ја презеде руската група „KillNet“. Бугарскиот главен обвинител Иван Гешев изјави дека станува збор за напад врз бугарската држава, при што властите информираат дека веќе е откриено оти сајбер-нападот доаѓа од рускиот град Магнитогорск, јавува Дневник.бг. Бугарските власти го оквалификуваа хакерскиот напад...

По повеќе од две недели, проработе веб-страницата на Министерството за образование и наука

Веб-страницата на Министерството за образование и наука проработе по повеќе од две недели. Сепак, доколку некој сака да пристапи до објавените содржини, треба претходно да прифати подесувања дека се согласува да се приклучи на небезбедна страница, па потоа се отвора страницата на Министерството. Веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) беше цел на хакерски напад на 10 септември и...

Министерот Османи присуствуваше на средба посветена на глобалната сајбер безбедност во Њујорк

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то Генерално Собрание на ООН во Њујорк, учествуваше на состанокот „Обликување на глобалната сајбер-безбедност – Повик за акција за промовирање на одговорно однесување на државата и градење капацитети“, во организација на министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок и министерката за надворешни работи на Франција, Катерин Колона, во Њујорк. Во...

Онлајн вебинар „Сајбер безбедност – Како да се заштитиме во дигиталниот свет“

Фондацијата Метаморфозис организира онлајн вебинар „Сајбер безбедност - Како да се заштитиме во дигиталниот свет“ што ќе се одржи на 29 септември на платформата Зум од 10 до 13:30 часот. Вебинарот ќе биде на албански јазик. „Вебинарот цели кон запознавање на граѓаните, граѓанските организации и бизнисите со разни видови на сајбер закани и давање на совети за како да се...

Како да ги препознаете и да се заштитите од заканите во дигиталниот свет (видео)

Фондација Метаморфозис во рамките на проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA“ ко-финансиран од Европската Унија денес организираше вебинар насловен „Сајбер безбедност – Како да се заштитиме во дигиталниот свет“ на кој професорот по компјутерски науки, Адриан Бесими презентираше корисни совети за секој корисник на Интернет. Бесими на едноставен начин, преку практични примери образложи како граѓаните, граѓанските...

Продажбата преку огласи, заработка или ризик од злоупотреба на лични податоци

Покрај специјализираните веб-страници за онлајн продажба преку огласи на физички лица, редовна пракса стана секаков вид на производи да се нудат на продажба и преку огласи на социјалните мрежи. Но, радоста дека некој сака да го купи тоа што се продава може „скапо“ да чини. Анализата на ваквата купопродажна комуникација јасно покажува дека постојат повеќе ризици. Особено е важно...

Нов проект за сајбер безбедност со поддршка од ЕУ, ќе бидат вклучени Северна Македонија, Албанија и Црна Гора

Раководителката на програмата за сајбер безбедност во e-GA, Мерле Маигре соопшти дека со поддршка на Европската унија веќе се работи на нов проект за сајбер безбедност, во кој освен Република Северна Македонија ќе бидат вклучени и Албанија и Црна Гора. Маигре ова го соопшти на редовен онлајн координативен состанок на кој учествуваа вицепремиерката Славица Грковска, министерот за информатичко општество и...

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...