По повеќе од две недели, проработе веб-страницата на Министерството за образование и наука

Фото: МОН

Веб-страницата на Министерството за образование и наука проработе по повеќе од две недели. Сепак, доколку некој сака да пристапи до објавените содржини, треба претходно да прифати подесувања дека се согласува да се приклучи на небезбедна страница, па потоа се отвора страницата на Министерството.

Фото; Принтскрин МОН

Веб-страницата на Министерството за образование и наука (МОН) беше цел на хакерски напад на 10 септември и оттогаш не беше во функција. Извесно време на  сајтот на ова министерство стоеше пораката „Хакирано од грчкиот хакерски тим Netwatchers“ (HACKED BY GREEK HACKING TEAM NETWATCHERS).

Мета.мк изминатиов период во неколку наврати пишуваше за паѓањето на интернет страницата на МОН, која за првпат стана недостапна на 18 август, по што во наредните денови повеќе пати „паѓаше“ и беше враќана во функција.

Од МОН информираа дека случајот е пријавен и дека се работи на зајакнување на безбедноста на веб-страницата.