fbpx

Владата усвои итни мерки, јавната администрација ќе оди на обуки за сајбер-безбедност

Усвоените мерки се високо приоритетни и треба да се имплементираат во најкраток рок заради заштита на ИТ системите на институциите од јавниот сектор, а се со првенствена цел да се заштитат системите за услуги кон граѓаните

-

Владата на денешната седница, на предлог на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска усвои сет мерки за подобрување на безбедноста на информациските системи во институциите кои ќе се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор, информираат од владината прес-служба.

„Овие мерки следуваат по серијата активности за координација со донаторите и чинителите во областа на сајбер безбедноста, а со цел градење на отпорност кај јавните институции кои се почесто се цел на сајбер напади, а чија цел е оневозможување на системите кои даваат услуги кон граѓаните и има директни, видливи и сериозни последици врз нивниот живот“, стои во соопштението на Владата.

Во владините задолженија до органите на државната управа се бара секој од нив да определи лице одговорно за информациска безбедност во нивните организации, со цел навремено пријавување на инциденти и размена на информации за инциденти, ранливост, закани и ризици поврзани со безбедноста на информациските системи до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT. Ова важи и за сите институции кои не се органи на државна управа, но е во форма на укажување од страна на владата.

Од владата информираат дека органите на државната управа исто така се должни, а на институциите кои не се органи на државна управа им се укажува, да достават одредени информации до Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT, како би се регистрирале/ажурирале за услугите на Центарот.

„Се задолжуваат органите на државната управа, а им се укажува на институциите кои не се органи на државна управа, сите вработени задолжително да се регистрираат и да завршат обука за сајбер безбедност за вработени во јавна администрација. Истовремено, органите на државната управа неопходно е да направат план за реализација и да ги предвидат финансиските импликации на мерките на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT“, се наведува во владиното соопштение.

Исто така, владата на денешната седница му препорача на Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти MKD-CIRT при Агенцијата за електронски комуникации да достави до Владата извештај за спроведена бесплатна надворешна сајбер-безбедносна проверка на веб-апликации на пријавените институции.

Усвоените мерки се високо приоритетни заради заштита на ИТ системите на институциите од јавниот сектор, поради што владата препорача овие мерки да се имплементираат во најкраток рок во секоја институција во јавниот сектор, со првенствена цел да се заштитат системите за услуги кон граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...