Како да ги препознаете и да се заштитите од заканите во дигиталниот свет (видео)

Фото: Фондација Метаморфозис

Фондација Метаморфозис во рамките на проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA“ ко-финансиран од Европската Унија денес организираше вебинар насловен „Сајбер безбедност – Како да се заштитиме во дигиталниот свет“ на кој професорот по компјутерски науки, Адриан Бесими презентираше корисни совети за секој корисник на Интернет.

Бесими на едноставен начин, преку практични примери образложи како граѓаните, граѓанските организации и бизнисите може да ги препознаат и да се заштитат од разни видови на сајбер закани.

Исто така, покрај тоа што се осврна на основите на сајбер безбедноста, најчестите извори на сајбер закани, професорот образложи и како да се справиме со нив користејќи безбедни комуникации преку Интернет.

Во рамките на вебинарот Бесими говореше и за заштитата на личните податоци преку Интернет, социјалните мрежи и потенцијалните повреди на човековите права, како и за надлежните институции за справување со сајбер безбедност.