fbpx

Усвоен концептот за дигитална трансформација, ќе се воведува електронска лична карта

Покрај подобрувањето на слободниот пристап до јавните информаци, велат од Владата, една од клучните измени кои ги носи овој концепт е давањето предност на дигиталната верзија на записите и електронските потписи. Податоците што се еднаш внесени во јавен регистар, нема повторно да се бараат од физичките и правните лица, а дигиталниот потпис создаден со лична карта е еквивалентен со своерачен потпис

-

Владата на денешната седница го усвои Концептот за дигитална трансформација на општеството, кој, како што соопштуваат од владината прес-служба, ќе претставува предуслов за напредок и во борбата против корупцијата и јакнењето на транспарентноста и доброто управување.

Овој документ минатиот месец беше усвоен од Националниот совет за дигитална трансформација на општеството, со кој раководи вицепремиерката Славица Грковска.

„Концептот е документ кој ги дефинира основните принципи кои треба да ја водат дигиталната трансформација на сите области на општеството, која ќе се постигне со соработка помеѓу владата, јавните институции, приватните компании, граѓанскиот сектор и академската заедница. Основните принципи на овој концепт се владеење на правото, социјална кохезија и јавно приватно партнерство, слободен пристап до јавните информации, веродостојни извори на податоци и стандардизација на употребата на дигиталните записи и потписи“, се вели во владиното соопштение.

Покрај подобрувањето на слободниот пристап до јавните информаци, велат од Владата, една од клучните измени кои ги носи овој концепт е давањето предност на дигиталната верзија на записите и електронските потписи. Па така, податоците што се еднаш внесени во јавен регистар, нема повторно да се бараат од физичките и правните лица, а дигиталниот потпис создаден со лична карта е еквивалентен со своерачен потпис.

Имплементацијата на Концептот ја обврзува Владата да воведе електронска лична карта и да спроведе мерки за поддршка за поврзување на сите домаќинства на бродбенд услуги во следните 5 години.

За да се постигнат целите поставени со Концептот, ќе се формира Агенција за дигитализација, која ќе биде надлежна за управување со околината за безбедна размена на податоци, поставување стандарди за ИКТ и сајбер безбедност за сите засегнати страни, давање насоки за управување со промените при дигитална трансформација на администрацијата и подигнување на јавната свест за оваа проблематика.

Содржината на Концептот за дигитална трансформација на општеството е резултат од проектот за унапредување на дигитализацијата во Северна Македонија, со финансиска поддршка од САД и Естонија и експертска поддршка од Естонскиот центар за меѓународен развој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За еден ден, две жени од Скопје нападнати од своите партнери

Два случаја во кои жени од Скопје се нападнати од своите партнери се регистрирани во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден. Околу 18 часот и 30 минути вчера, во...