fbpx

Отпорноста од хибридни напади ќе ја подобриме со членство во НАТО сајбер центарот за одбрана

-

Во рамки на официјалната посета на Естонија, министерот за надворешни работи, Бујар Османи го посети НАТО Центарот за кооперативна сајбер одбрана (NATO Cooperative Cyber Defence Centre of Excellence – NATO CCDCOE) со седиште во Талин, Естонија, информираат од Министерството за надворешни работи (МНР).

На средбата со директорот на Центарот, Март Норма Османи потенцираше дека сајбер безбедноста е високо на агендата на Владата на Република Северна Македонија, која презема низа активности за јакнење на национални капацитети за справување со овој тип предизвици, базирани на националните Стратегии за сајбер безбедност и хибридни закани.

Османи информираше дека Владата континуирано соработува со сите засегнати страни – приватната индустрија, истражувачката и академската заедница и граѓанското општество на подобрување на превенцијата, одговорот и закрепнувањето од нападите на критичната инфраструктура, кои со почетокот на војната во Украина станаа позачестени и поинтензивни.

На денешната средба, Северна Македонија како членка на НАТО и дел од регионот на Западен Балкан кој е изложен на сајбер закани беше прифатена во НАТО центарот за извонредност за сајбер одбрана и е во процес на полноправно членство. Во рамките на процесот, Северна Македонија ќе може да ги користи алатките на Центарот за да ја засилува сопствената отпорност од хибридни напади и да ја зајакне заштитата на критичката инфраструктура.

НАТО Центарот за кооперативна сајбер одбрана е основан во 2008 година, и има статус на Меѓународна воена организација. Неговата мисија е поддршка на земјите-членки и НАТО со единствена интердисциплинарна експертиза во областа на истражувањата, обуки и вежби за сајбер-одбрана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Граѓански организации со 18 прашања до политичките партии пред парламентарните избори

Девет граѓански организации и независни иницијативи утрово доставија 18 прашања до политичките парртии што ќе учествуваат на парламентарните избори, на кои, како што велат, наместо флоскули и демагогија, очекуваат...