Поради сајбер-нападот врз АЕК, нивните онлајн услуги се привремено недостапни

Од МКД-ЦИРТ објаснуваат дека постепено се активираат услугите и веб-сајтот на АЕК бил повторно достапен пред два дена, но со намалена пропусност заради заштита на други ресурси во АЕК

-

Официјално е потврден сајбер-нападот врз Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), кој се случил на 6 април. Од Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти (МКД-ЦИРТ) при АЕК за Мета.мк изјавија дека сајбер-нападот бил прекинат истиот ден и дека во тек е анализа за да се утврди начинот на изведба и атрибуција.

„Нападот е детектиран и е спречено негово понатамошно ширење. Со цел идентификација на причините за нападот, начинот на кој се изведува и евентуално засегнати системи и услуги на АЕК, привремено се исклучени и не се достапни јавните онлајн услуги на АЕК. Согласно процедурите за постапување во случаи на напади и инциденти, потребна е детална проверка и постепено активирање, т.е. јавна достапност на услугите на АЕК, откако ќе се проверат со дополнителни активности, со цел да се обезбеди нивна непречено работење и достапност“, информираат за Мета.мк од МКД-ЦИРТ.

Од МКД-ЦИРТ објаснуваат дека постепено се активираат услугите и веб-сајтот на АЕК бил повторно достапен пред два дена, но со намалена пропусност, поради заштита на други ресурси во АЕК.

„Очекуваме целосна достапност на веб-сајтот на АЕК во секој момент“, објаснуваат во доставените одговори по писмен пат.

Од Националниот центар за одговор на компјутерски инциденти МКД-ЦИРТ појаснуваат и покрај сајбер-нападот врз АЕК, нема закана по податоци за корисниците на мобилната телефонија или за корисниците на електронски комуникации во АЕК.

Мета.мк утрово објави дека Агенцијата за електронски комуникации била предмет на сајбер-напад, а информацијата ни ја потврдија и од Министерството за внатрешни работи.

Агенцијата за електронски комуникации под хакерски напад

„Секторот за компјутерски криминал беше известен од АЕК за хакерски напад врз оваа институција и преземени се соодветни мерки“, информираа за Мета.мк од МВР.

Агенцијата за електронски комуникации е регулатор на пазарот за електронски комуникации кои ги вклучува двата најголеми мобилни оператори, Македонски Телеком и А1 Македонија, како и давателите на услуги за фиксна телефонија, кабелска телевизија и интернет. Дел од податоците кои ги прибира АЕК, а кои содржат лични податоци се и оние за сите корисници кои имаат извршено промена на телефонски број од еден оператор на друг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И по еден месец од јавниот повик, Арсовска тактизира и не поставува директор на Зоолошката градина

Измина точно еден месец откако Град Скопје, односно градоначалничката Данела Арсовска распиша јавен повик за избор на директор на Зоолошката градина Скопје, а засега нема никаков епилог од овој...