сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: рекламирање | 23 резултати

ЗНМ: Медиумската промоција на МНР со јавни пари е спротивна на забраната за владини кампањи

јануари 5, 2023

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на постапката на Министерството за надворешни работи, кое преку претходно спроведена јавна набавка, инвестира средства на граѓаните за кампањи во приватни медиуми за промоција на претседавањето со ОБСЕ. „Според јавно достапните информации МНР ќе потроши околу 100.000 евра за промотивни активности поврзани со претседавањето на Македонија со ОБСЕ, […]

Со лажно рекламирање, чај се претставува како „сертифициран лек против паразити”

декември 3, 2022

Чајот го нема во регистарот за лекови и медицински средства на МАЛМЕД, односно не е регистриран. Дополнително, според дефиницијата за тоа што е лек, чаевите не влегуваат во оваа категорија дури и кога би имале такви супериорни карактеристики, како што се тврди дека има горенаведениот чај. Законот за лекови и медицински средства го уредува делот […]

ЗНМ ја поздрави одлуката на Елемент ПР да го прекине договорот со Град Скопје

септември 15, 2022

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на агенцијата Елемент ПР за спогодбено прекинување на договорот со Град Скопје како општествено одговорен потег. „Како агенција што секојдневно соработува со медиумите и новинарите, целосно го почитуваме новинарството, кодексот и принципите на работа. Дел од тимот на агенцијата се поранешни новинари што е дополнителна причина […]

Вистиномер: Слободата на изразување е загрозена од платеното политичко рекламирање – констатираат и ОБСЕ и ЕУ

октомври 22, 2021

Покрај што платеното политичко рекламирање ја загрозува уредувачката политика на медиумите и ги ставаат во клиентелистички однос, што го констатираше како опасност и Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси уште во 2019 година, самите политички партии и нивните кандидати ги става во дискриминирачка и нерамноправна позиција, фаворизирајќи ги само големите партии, […]

Левица и Христијан Мицкоски потрошиле најмногу пари на Фејсбук во изборната кампања (инфографик)

октомври 19, 2021

Во време на предизборната кампања за локалните избори, од 13 септември до 12 октомври најмногу платени реклами на Фејсбук имале политичката партија Левица и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави Рефлектор. Левица во тој период потрошила 8.353 евра, Мицкоски 7.068 евра само за рекламирање на социјалната мрежа Фејсбук. Следен на листата е претседателот на СДСМ […]

Гугл и Јутјуб повеќе нема да дозволуваат рекламирање на содржини што ги негираат климатските промени

октомври 12, 2021

Гугл објави дека повеќе нема да се исплаќаат пари на креаторите на содржини што го промовираат негирањето на климатските промени и нема да поставуваат реклами на вакви содржини или реклами што го прават тоа. Промената ќе ги опфати издавачите, рекламерите и креаторите на содржини на Јутјуб и тие повеќе нема да може да печалат пари […]

Политичкото рекламирање во медиумите нотирано и во Извештајот на Европската Комисија

октомври 8, 2020

Во Извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија, во делот за финансирање на медиумите, постои забелешка за политичкото рекламирање кое може да влијае врз независноста на уредувачката политика на медиумите. „Можноста политичките партии да користат државни средства за рекламирање во медиумите, предизвика загриженост кај медиумските здруженија за можно политичко влијание врз уредувачката политика“, се вели […]

„Кока-кола“ го стопира рекламирањето на социјалните мрежи за 30 дена

јуни 28, 2020

Американската компанијата „Кока-кола“ го паузира целото дигитално рекламирање на социјалните мрежи на глобално ниво најмалку 30 дена. „Во светот нема место за расизам и нема место за расизам на социјалните мрежи. Од 1 јули, компанијата „Кока-Кола“ ќе го стопира платеното рекламирање на сите платформи на социјалните мрежи на глобално ниво најмалку 30 дена“, се вели […]

Приходите на МРТ продолжиле да опаѓаат и лани, заедно со бројот на вработени (инфографик)

април 2, 2020

Македонската-радио телевизија (МРТ) во 2019 година остварила вкупни приходи од 15,1 милиони евра или за 300.000 евра помалку во однос на 2018 година, се вели во Годишниот консолидиран извештај за 2019 година на ЈРП МРТ. Приходите на јавниот радиодифузен сервис опаѓаат веќе петта година по ред, при што лани истите биле намалени за околу 5,7 […]

„Фејсбук“ со нови правила: Потребна е авторизација и регистрација за реклами на политички кампањи

март 6, 2020

„Фејсбук“ објави нови правила за политичко рекламирање на Глобална видео онлајн конференција. Целта е, како што велат од компанијата, да се придонесе кон позитивно зајакнување на демократијата во земјите низ светот. Овие правила, од средината на март ќе важат и за Македонија. „Преземавме мерки да се намали ширењето дезинформации и да се спречи странско мешање […]

ААВМУ: Се надминува максималното време за пропаганда за референдумот

септември 14, 2018

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) денеска упати предупредување до радиодифузерите дека не се почитува максимално дозволеното време за јавна пропаганда, а таа се емитува во програмски содржини каде што не е дозволено. „Не се почитува дозволеното време за емитување на рекламните пораки „ЗА“ референдумот, вакви реклами се емитуваат и во програми во […]

ААВМУ до ДИК: Сите имаат право на термини во медиумите за референдумот

август 8, 2018

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) соопшти оти ставот на Државната изборна комисија (ДИК) дека единствено Собранието, како овластен предлагач на референдумот, може да води јавна пропаганда не соодветствува со фактичката ситуација и дека и другите заинтересирани субјекти може да водат пропаганда во времето предвидено за политичко рекламирање. Со слична реакција вчера се […]

СДСМ им платил половина милион евра на пет телевизии за изборно рекламирање

ноември 1, 2017

За платената политичка програма на националните телевизии за двата круга на локалните избори, СДСМ потрошил 500.455 евра, информираат од партијата. Од нив, на „Телевизија 24“ СДСМ ѝ исплатил вкупно 73.602 евра за 13,8 часа платена политичка програма, на „Канал 5“ ѝ биле исплатени 106.389 евра за 9,8 часа рекламирање, а на „Телма“ – 93.578 евра за 5,5 часа. Телевизија „Сител“ […]

Владата одлучи да не се рекламира на приватните медиуми

август 22, 2017

Владата на денешната седница ја усвои мерката од планот „3-6-9“ со која се стопираат владините реклами на комерцијалните радиодифузери и печатени медиуми, билборди, интернет портали (со исклучок на социјалните медиуми) и пренесување на комуникацијата со граѓаните преку јавниот радиодифузен сервис. Оваа мерка, како што стои во соопштението од владината прес-служба, се однесува на сите органи […]

Поради Супер купот, препродавањето билети ќе биде кривично дело

јули 28, 2017

Во Собранието по попладневната пауза експресно беше закажана и се одржа 10. седница, со единствена точка на дневен ред – донесување предлог-закон за изменување и за дополнување на Законот за кривична постапка во скратена постапка, со кој рекламирањето билети за препродажба и нивната препродажба ќе станат кривично дело. Ваквата препродажба досега воопшто не беше опфатена […]

СДСМ Аеродром и Општина Аеродром се расправаат за „бесплатното“ рекламирање

јули 12, 2017

Со остра реакција за рекламирањето на Општина Аеродром во медиумите, на билборди и на автобуси на ЈСП „Скопје“ се огласи општинската организација на СДСМ во општина Аеродром, прашувајќи „зошто се трошат народни пари за рекламирање општина“ или, ако навистина рекламирањето е бесплатно, зошто и со што ги задолжила Општината медиумите и огласувачите да го даваат рекламниот […]

Андреас Елснер е нов главен извршен директор на „Македонски телеком“

април 25, 2017

Андреас Елснер стапува на позицијата главен извршен директор на „Македонски телеком“ од 1 мај 2017 година, информираат од компанијата. Тој доаѓа на местото на Андреас Маиерхофер, кој на 1 април беше назначен за главен извршен директор на „Т-мобиле“ во Полска. „Елснер доаѓа во „Македонски телеком“ во 2014 година, на чело на секторот за управување со односи […]

Нема договор за медиумите, преговорите продолжуваат попладне

февруари 18, 2016

По неколкучасовни преговори работните групи вчера не постигнаа договор за рефoрмите во медиумите. Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте на својот профил на „Твитер“ најави дека разговорите ќе продолжат денеска попладне. Пред почетокот на вчерашната средба на работните групи во Клубот на пратеници, Ванхауте изјави дека ситуацијата никогаш не е безнадежна и дека ќе продолжат со преговорите со надеж дека ќе […]

Селмани предупредува: Предлагаат легализирање на владините реклами!

февруари 17, 2016

Претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, и претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, денеска пред Клубот на пратениците, каде што се одржуваат преговорите за медиумите, уште еднаш го потврдија ставот на здруженијата деека нема да прифатат каква било форма на владино рекламирање. Селмани рече дека слушнале шпекулации дека во преговорите […]

Страна 1 од 1