fbpx

ЗНМ ја поздрави одлуката на Елемент ПР да го прекине договорот со Град Скопје

-

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја поздравува одлуката на агенцијата Елемент ПР за спогодбено прекинување на договорот со Град Скопје како општествено одговорен потег.

„Како агенција што секојдневно соработува со медиумите и новинарите, целосно го почитуваме новинарството, кодексот и принципите на работа. Дел од тимот на агенцијата се поранешни новинари што е дополнителна причина за почитување на новинарскиот етички код и стандарди и зачувување на нашиот кредибилитет“, стои во соопштението за јавноста од Елемент ПР.

Од ЗНМ потсетуваат дека на 10 септември на интернет страницата на Бирото за јавни набавки беше објавено дека Град Скопје предвидува да инвестира речиси 5 милиони денари за  „Подготовка и имплементација на промоција на кампањи за посебни проекти за активностите на градот Скопје” преку маркетинг агенција.

По објавата, ЗНМ реагираше со соопштение до јавноста бидејќи со ваквиот начин на финансирање на медиуми Градот Скопје го прекршува мораториумот за забрана на јавни кампањи во приватни медиуми и директно го прекршува членот 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за забрана за рекламирање, како и Одлуката на владата за забрана за рекламирање во традиционалните и онлајн медиуми од 2017 година.

ЗНМ ги повикува и останатите маркетинг агенции кои на овој или сличен начин работат со општини или други државни институции да ја следат оваа пракса.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...