Андреас Елснер стапува на позицијата главен извршен директор на „Македонски телеком“ од 1 мај 2017 година, информираат од компанијата. Тој доаѓа на местото на Андреас Маиерхофер, кој на 1 април беше назначен за главен извршен директор на „Т-мобиле“ во Полска.

„Елснер доаѓа во „Македонски телеком“ во 2014 година, на чело на секторот за управување со односи со корисници и корисничко искуство, а од 2015 година е главен оперативен директор за приватни корисници, каде имаше клучна улога во развојот и во реализацијата на стратегијата за конвергирани решенија и услуги“, се вели во соопштението на „Македонски телеком“.

Во неговата 16-годишна кариера работел на раководни позиции во телекомуникацискиот бизнис во Австрија, Србија, Бугарија и во Македонија.

Елснер е роден во Виена, каде и се школувал. Дипломирал маркетинг, рекламирање и продажба на Универзитетот за економија и деловна администрација.