fbpx

„Фејсбук“ со нови правила: Потребна е авторизација и регистрација за реклами на политички кампањи

-

„Фејсбук“ објави нови правила за политичко рекламирање на Глобална видео онлајн конференција. Целта е, како што велат од компанијата, да се придонесе кон позитивно зајакнување на демократијата во земјите низ светот. Овие правила, од средината на март ќе важат и за Македонија.

„Преземавме мерки да се намали ширењето дезинформации и да се спречи странско мешање во изборите на начин со што ќе се зголеми транспарентноста и автентичноста на рекламирањето,“ беше објаснето на конференцијата.

Таму беше истакнато дека секој кој сака да објави реклама за избори или политика во сите овие земји, ќе мора да го потврди својот идентитет со лична карта издадена од државата и на тој начин да преземат одговорност за рекламата.

„Огласувачот ќе може да одбере негова страница или страница на некоја организација каде ќе се појави квалификација „платено од“. Бараме огласувачот да даде дополнителни информации, како локална бизнис адреса, локален телефонски број, електронска пошта или интернет страница ако одберат да одат со оваа опција. Овие барања ги именуваат како одговорни за содржината самите огласувачи и важат и за Фејсбук и за Инстаграм. Авторизацијата може да одземе неколку денови за да се подготви огласувачот да започне со овој процес и поради тоа треба да се започне сега со процедурата за да се избегне доцнење на рекламите,“ гласат правилата на „Фејсбук“.

Рекламите на 32 земји ќе бидат додадени во Ad Library API и според „Фејсбук“, авторизираните огласувачи ќе ги имаат сите нивни реклами и информациите што се употребени за да се утврди нивната одговорност, во посебна библиотека за реклами каде ќе се чуваат седум години. Тука, тие ќе може да дознаат повеќе за рекламата, како на пример колку луѓе се опфатени од неа и колку е потрошено, потоа демографски податоци за возраста, полот и локацијата за луѓето што ја виделе рекламата.

„Ние знаеме дека не можеме да го заштитиме изборниот процес сами па поради тоа нудиме на истражувачи, академици, новинари и јавноста да имаат увид во Ad Library API за да истражуваат и анализираат за политичкото рекламирање. Како дополнување ќе претставиме  Ad Library Report за секоја од земјите кон крај на април. Овој извештај ќе овозможи збирен преглед на рекламите и потрошеното во библиотеката со реклами. Овој извештај ќе биде на располагање во формат за симнување од интернет. Повеќе за нашата транспарентност за алатките за реклами, можете да прочитате  овде. Нашата политика за реклами за време на избори и политика се прикажани овде а на  Help Center може да видете како овие реклами предизвикале интерес во други земји,“ сугерираат од „Фејсбук“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...