fbpx
Таг: референдум

таг: референдум

Де Мезиер: Турција глуми жртва во пресрет на референдумот

Германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер, оцени дека Анкара „глуми жртва“ со своите напади на НАТО-сојузниците и оти се обидува да поттикне поддршка кај гласачите во пресрет на референдумот. - Ставовите на Турција се апсурдни, немаат основа и единствена цел им е да ја претстават Турција како жртва за да се добие солидарност од гласачите – рече Де Мезиер. Истовремено,...

Повикот за смирување од ЕУ нема важност за Анкара

Министерството за надворешни работи на Турција ја нападна Европската Унија затоа што побара од Анкара да се воздржи од несоодветни изјави. Од Анкара се наведува дека е многу лошо што европскиот блок ја поддржал Холандија, која, како што сметаат во Турција, ги прекршила човековите права и европските вредности. Во соопштението на турското министерство за надворешни работи, се наведува дека Европската Унија се...

Шкотската премиерка ќе бара нов референдум за независност

Премиерката на Шкотска и претседателка на Шкотската национална партија, Никола Стурџен, повтори дека ќе бара дозвола за одржување втор референдум за независност на Шкотска. Таа соопшти дека од шкотскиот парламент следната недела ќе побара одржување реферндум, јавува „Би-би-си“. Стурџен наведува дека сака гласањето да се одржи во периодот од есента 2018 година до пролетта 2019 година. Таквиот потег би овозможил правно обврзувачки референдум,...

ДС предлага на референдум да се одлучува за прашања од национален интерес

Демократскиот сојуз (ДС) смета дека во интерес на внатрешната стабилност и мир е неопходно да се формира реформска влада од партиите што имаат парламентарно мнозинство, велат од партијата. Според ДС, четирите елементи што ја карактеризираат државата (народ, јазик, теториторија и суверено владеење со територијата), со ништо не се загрозени однатре, ниту, пак, постои надворешна закана по нив, а за промена на...

Турција ја обвини Германија за двојни стандарди

Турските власти ја обвинија Германија за двојни стандарди откако властите на германскиот град Гагенау го спречиле турскиот министер за правда, Бекир Боздаг, да се обрати на приврзаниците на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Од Турција порачуваат дека Берлин мора да научи „како да се однесува“ доколку сака да одржи односи со таа земја. Боздаг требало да се обрати пред приврзаниците на...

Романскиот парламент го поддржа планот за референдум

Романскиот парламент едногласно го поддржа планот на претседателот на државата Клаус Јоханис да организира референдум за антикорупциските реформи. Гласањето во парламентот е вообичаена процедура, но неговото мислење за одржување на референдумот не е обврзувачко. Јоханис, некогашен член на десничарската опозиција, ја нападна владата поради уредбите со кои се штитат десетина јавни функционери од кривично гонење. Романскиот претседател сега мора да одлучи кога...

Швајцарците на референдум гласаат за олеснување на процедурите за државјанство

Гласачите во Швајцарија денеска излегуваат на референдум на кој треба да одлучат дали земјата треба да ги олесни строгите правила за добивање на државјанство за третата генерација имигранти. Швајцарските закони, како што принесува „Би-би-си“, не гаранираат доколку некој е роден во земјата дека по автоматизам ќе добие швајцарско државјанство, а имигрантите мора да чекаат 12 години за да аплицираат за...

Референдумот за уставните промени во Турција закажан за 16 април

Референдумот за предложените измени на уставот на Турција ќе се одржи на 16 април, оваа година, соопштил денеска Високиот изборен одбор на земјата, јавуваат светските агенции. Измените на уставот предвидуваат замена на парламентарниот со извршен претседателски систем, каков што бараше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Со нив претседателот ќе добие речиси неограничени овластувања, односно ќе може да донесува...

Британците не им дозволуваат на Шкотите нов референдум

Британската влада би можела да го блокира вториот референдум за излез од Шкотска од составот на Велика Британија, што наиде на осуда во Единбург. Министерот за одбрана, Мајкл Фелон, ја изнесе идејата, по што се огласи премиерката на Шкотска, Никола Стурџен, истакнувајќи дека тоа би било катастрофално. Фелон рече дека шкотската влада нема мандат да организира втор референдум за независност и...

Турскиот парламент ги одобри уставните реформи за зголемување на власта на Ердоган

Турскиот парламент ги одобри измените на уставот на земјата што предвидуваат зголемување на овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган, соопштил парламентот. Со ова, како што јавуваат светските агенции, е отворен патот за одржување на референдум во Турција на кој граѓаните на земјата ќе треба да се изјаснат за промените, кои на Ердоган, покрај поголеми овластувања, ќе му овозможат да остане претседател...

Формирањето на владата во Исланд во знак на идејата за референдум за влез во ЕУ

Преговорите за формирање нова влада во Исланд поминуваат во знак на идејата за распишување референдум за можен влез на земјата во Европска Унија. Два месеци по парламентарните избори одржани на 29 октомври, во преговорите за формирање на новата влада учествуваат конзервативната и европскептична Партија на независноста, десничарската Реформи и поевропската партија Сјајна иднина. Локалните медиуми пренесуваат дека трите партии во своите програми...

Груевски: Со 63 пратеници нема да дозволиме дестабилизација на државата

СДСМ ќе го доживее десеттиот пораз од овој народ, кој гласот ќе го даде за тие што отворија повеќе од 160.000 работни места, тие што создадоа најдобра бизнис-клима и за тие што направија држава со најниски даноци во светот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот на Коалицијата за подобра Македонија во општина Бутел. - Народот нема да дозволи двојазичност,...

„Мудис“ го намали кредитниот рејтинг на Италија по неуспехот на референдумот

Агенцијата за проценка на кредитниот рејтинг „Мудис“ ги намали изгледите за италијанскиот државен долг од стабилен на негативен статус, а како причина го наведе неуспехот на референдумот за уставни реформи во земјата, јавуваат светските медиуми. Гласачите во Италија во неделата на референдум ги отфрлија уставните промени со кои, како што беше објаснувањето на италијанската влада, ќе се овозможеше забрзување на...

Ренци денеска ќе поднесе оставка

Италијанскиот премиер Матео Ренци најави дека вечерва во 19 часот ќе поднесе оставка. Ренци во понеделникот вечерта му ја понуди својата оставка на италијанскиот претседател Серџо Матарели, по поразот што го претрпе во неделата на референдумот за уставните промени кои ги предложи. Матарели тогаш го замоли Ренци оставката да ја одложи и да остане на премиерската позиција додека парламентот не го...

По референдумот во Италија, еврото изгуби од својата вредност во однос на доларот

Еврото изгуби од вредноста во однос на доларот и падна на 1,055 од 1,0625 долари, по првите анкети кои покажаа дека Италијаните на референдум ги отфрлија уставните промени на премиерот Матео Ренци, јавуваат светските медиуми. Финансиските пазари реагираа на референдумот, а губењето на вредноста на еврото е последица на таквата реакција. Италијанскиот премиер Матео Ренци го призна поразот на референдумот и...

Италијанците утре на референдум ќе одлучуваат за реформа на политичкиот систем

Граѓаните на Италија утре на референдум ќе одлучуваат дали ќе ги прифатат реформите во уставот на земјата, кои предвидуваат концентрирање на власта во рацете на владата или, пак, ќе ги отфрлат промените и ќе го зачуваат својот посебен систем на демократски проверки и рамнотежа, пишуваат светските агенции. Станува збор за една од најголемите институционални промени во Италија, откако земјата...

Колумбискиот претседател и ФАРК потпишаа нов мировен договор

Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, и бунтовниците од Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) денеска во Богота потпишаа нов мировен договор за ставање крај на пвеќедецениските борби, откако претходниот беше отфрлен на референдум, јавуваат светските агенции. Граѓаните на Колумбија, минатиот месец, со минимално мнозинство на референдум го отфрлија првиот мировен договор. Неодамна колумбискиот претседател, кој годинава ја доби Нобеловата награда...

НСДП: Изборите на 11 декември имаат референдумско значење за државата

„Предвремените парламентарни избори на 11 декември имаат референдумско значење за државата. Граѓаните се исправени пред историски предизвик за повторно поставување на темелите на институциите и за возобновување на правниот поредок и на демократијата“, истакнал претседателот на НСДП, Тито Петковски, во Битола на средбата со ракводствата и со членовите на општинските организации на партијата од петтата изборна единица. „Криминалот и корупцијата вгнездени...

Унгарскиот парламент не го усвои антимигрантскиот амандман

Унгарскиот парламент не го усвои уставниот амандман кој предвидуваше забрана за населување на странска популација во земјата, откако предлогот не го доби неопходното двотретинско мнозинство. Предложениот амандман на уставот, како што јавуваат медиумите, добил поддршка од 131 пратеник, од вкупно 199 народни избраници во унгарскиот парламент. Тоа претставува 65,8 отсто од вкупниот број пратеници, но е под неопходното двотретинско мнозинство....

Унгарскиот парламент денеска ќе гласа за антиемигрантскиот амандман

Унгарскиот парламент денеска ќе гласа за уставниот амандман кој предвидува забрана за „населување на странска популација“ во земјата, јавуваат светските агенции. Гласањето доаѓа како одговор на властите во Будимпешта на обврзувачките квоти на Европската Унија за прием на мигранти, договорени минатата година, а кои предвидуваат релокација на околу 160.000 миграти на територијата на целата Унија. Граѓаните на Унгарија минатиот месец на...

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...