Унгарскиот парламент денеска ќе гласа за уставниот амандман кој предвидува забрана за „населување на странска популација“ во земјата, јавуваат светските агенции.
Гласањето доаѓа како одговор на властите во Будимпешта на обврзувачките квоти на Европската Унија за прием на мигранти, договорени минатата година, а кои предвидуваат релокација на околу 160.000 миграти на територијата на целата Унија.
Граѓаните на Унгарија минатиот месец на референдум гласаа против квотите на ЕУ за мигранти, но поради малиот одзив, резултатот беше отфрлен.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан го правда денешното гласање во парламентот со фактот дека 3,3 милиони Унгарци гласале против мигрантските квоти.