СДСМ ќе го доживее десеттиот пораз од овој народ, кој гласот ќе го даде за тие што отворија повеќе од 160.000 работни места, тие што создадоа најдобра бизнис-клима и за тие што направија држава со најниски даноци во светот, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на митингот на Коалицијата за подобра Македонија во општина Бутел.
– Народот нема да дозволи двојазичност, кантонизација и промена на Уставот. Но, за да ја има народот оваа сигурност, потребни се 63 пратеници, а 11 декември е шансата за референдум и само така нема да дозволиме дестабилизација на нашата држава – изјави Груевски.
ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, митинзи вечерва ќе одржат и во Гази Баба и во Шуто Оризари.