fbpx
Таг: референдум

таг: референдум

По победата на гевгеличани, валандовчани инсистираат на референдум за Казандол

Граѓанската иницијатива „Спас за Валандово“ денеска побара одржување на јавна седница на Советот на Општина Валандово на која ќе присуствуваат и граѓаните, а на која единствена точка на дневен ред би била иницијативата за референдум дали се за или против отворање рудник за бакар, злато и за сребро во областа Казандол. Од иницијативата, која претежно ја сочинуваат млади луѓе, вчера...

ЛДП: Граѓаните на Гевгелија се предвесници на демократските и еколошки реформи

„Граѓаните на општината Гевгелија покажаа висока демократска и еколошка свест и со тоа станаа предвесници на овие реформи во земјава. Тие се спротивставија на ниско развиената еколошка свест, на недоволната информираност во врска со екологијата и со еколошките постапки што треба да се преземат и цврсто застанаа против неодговорноста на сите што сакаа да ја загрозат животна средина и здравјето на...

Гевгелија едногласно рече „не“ за отворање рудници на Кожуф

Во мирен референдум, вчера 99,1 отсто од жителите со право на глас на општина Гевгелија кои гласале ја отфрлија можноста да се отворат нови рудници на злато на планината Кожуф. Во гласачкиот список се наоѓаа 19.459 граѓани со право на глас, а до 19 часот 99,1 отсто од граѓаните гласале. Од нив 13.097 се изјасниле „против“ рудници за злато, а само...

Референдумот во Гевгелија успешен, излезноста околу 58 отсто

Повеќе од 58 проценти од запишаните 19.458 гласачи во Гевгелија излегле на гласање на денешниот референдум, соопштуваат избирачките одбори од вкупно 37 гласачки места. Тоа значи дека е надминат прагот од 50 проценти излезност за да биде референдумот легитимен. - Според излезноста на граѓаните, заклучно со 17 часот, уште сега може да кажеме дека успеа референдумот на кој граѓаните на Гевгелија...

„Цивил“: Во Гевгелија гласањето до 17 часот без поголеми проблеми

Недоволна информираност на граѓаните за референдумското прашање и за процедурите за спроведување на референдумот, помали пропусти во работата на избирачките одбори,  како и проблеми со избирачкиот список, се клучните забелешки на набљудувачите на „Цивил“ – Центар за слобода за текот на референдумот во Гевгелија до 17 часот. Референдумот во Гевгелија, што треба да донесе решение дали Општина Гевгелија ќе дозволи...

Гевгеличани денеска решаваат дали да се отвораат нови рудници

Жителите на Гевгелија денеска на референдум треба да одговорат на прашањето дали се „за“ или „против“ отворање нови рудници на територијата на општината. Како што пренесоа медиумите, Владата изминатиот период дала концесии на меѓународни компании за геолошки истражувања на две локации во општината Гевгелија, односно на падините на планината Кожуф. Активистите на Граѓанското здружение „Спас за нас“ од Гевгелија, кое...

Гевгеличани утре на референдум ќе одлучуваат за рудниците на Кожуф

Жителите на Гевгелија, утре на референдум ќе одлучуваат дали се „за“ или „против“ отворање рудници за злато на територијата на општината. Како што пренесоа медиумите, Владата изминатиот период дала концесии на меѓународни компании за геолошки истражувања на две локации во општината Гевгелија, односно на падините на планината Кожуф. Активистите на Граѓанското здружение „Спас за нас“ од Гевгелија, кое ја почна...

Британскиот парламент го поддржа предлогот на Меј за предвремени парламентарни избори

Со 522 гласови „за“ и со 13 „против“, пратениците во Долниот дом на Парламентот го поддржаа предлогот на премиерката на Обединетото Кралство, Тереза Меј, да се одржат предвремени парламентарни избори на 8 јуни. Меј вчера повика на одржување на предвремени парламентарни избори за да се обезбеди стабилност во текот на преговорите за Брексит. Изборите ќе се одржат речиси една година по референдумот за истапување на...

Турската опозиција ќе побара поништување на референдумот

Главната опозициска партија во Турција, Народно-републиканската партија (НРП), најави дека денеска ќе ѝ достави на Државната изборна комисија барање за поништување на референдумот, кој се одржа во неделата. Заменик-претседателот на НРП, Булент Тезџан, изјави дека ќе ја поднесе жалба до комисијата. НРП вчера повика на поништување на гласањето и изјави дека ќе го постави прашањето и до Европскиот суд за човекови...

Трамп му честиташе на Ердоган за резултатот на референдумот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа му ја честиташе на својот турски колега, Реџеп Таип Ердоган, победата на референдумот за уставните измени во земјата, со кои во голема мера се зголемуваат овластувањата на турскиот претседател, пренесува „Би-би-си“. Трамп, како што пренесуваат агенциите, телефонски му го честитал успехот на Ердоган на референдумот, на кој 51,4 отсто од граѓаните ги поддржаa уставните...

Турската опозицијата ги оспори резултатите од референдумот

Турска опозициска Републиканска народна партија ги оспори резултатите од референдумот и бара повторно пребројување на најголем дел од гласовите. Според опозицијата, за време на пребројувањето имало многу неправилности, односно најголем дел од гласачките ливчиња биле со неважечки печати. - Досега, спорни се 2,5 милиони гласови. Речиси 6о отсто од избирачките места имаат проблем. Неважечки се повеќе од еден милион гласови. Знаеме како...

Турција ги поддржа бараните измени на Ердоган, покажуваат првичните резултати

Првите неофицијални резултати од референдумот во Турција покажуваат дека граѓаните се изјасниле за воведување претседателски систем, односно измени со кои целата власт ќе биде во рацете на актуелниот претседател Реџеп Таип Ердоган. Досега се преброени 90 отсто од гласовите и 54,2 отсто од гласовите се „да“ за уставни промени, а 45,7 се „против“. На референдумот излегле дури 83,89 отсто избирачи. Атмосферата е во...

Во тепачка пред гласачко место во Турција, двајца загинати и еден повреден

Две лица загинаа во физичка пресметка која изби пред избирачко место во југоисточната провинција Дијарбакир за време на гласање на референдумот за зголемување на овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Како што јавуваат турските медиуми, расправијата меѓу две семејства избила во школски двор во село на југоисток во Турција, но засега не се знае причината поради која избила кавгата. Според дел...

Турските граѓани на референдум одлучуваат дали Ердоган ќе добие апсолутна власт

Граѓаните на Турција денеска гласаат на референдум за уставни промени со кои ќе се прошират овластувањата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Изборните единици беа отворени во 7 часот наутро во источниот дел на Турција, додека во остатокот од земјата гласањето почна во 8 часот. Избирачките места ќе бидат затворени во 17 часот по локално време. Турски државјани во странство веќе гласаа,...

Јужна Осетија го менува името во Аланија

Повеќе од пет отсто од гласачите го поддржале предлогот Јужна Осетија да се преименува во Аланија, соопшти претседателката на изборната комисија, Бела Плијева. - Дури 78,2 отсто од гласачкото тело гласало за преименување, додека 21,8 отсто било против – рече Плијева, водејќи се од резултатите од 27 од 77 изборни единици. Вчера во Јужна Осетија се одржаа претседателски избори, но и...

Уставниот суд на Шпанија го блокираше референдумот за независност на Каталонија

Уставниот суд на Шпанија привремено ги блокираше плановите на каталонската регионална влада за финансирање референдум за независност, кој требаше да се одржи годинава. Претходно шпанската влада правно ги оспори ваквите планови. „Суспензијата на каталонските планови, за почеток, ќе траат пет месеци додека Уставниот суд ја разгледа владината тужба, по што ќе донесе одлука“, соопшти судот. Односите меѓу Каталонија и владата...

Ердоган: Ќе продолжам да ги нарекувам нацистички остатоци и фашисти

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека ќе продолжи да ги нарекува европските земји „нацистички остатоци и фашисти“ доколку го задржат „сегашниот став“ кон Турција. - Тие не дозволуваат моите министри да држат говори во Европа. Кога референдумот на 16 април ќе заврши, ќе одлучиме. Сè има цена – рече Ердоган на собирот по повод реферндумот во турскиот град Зонгулдак. Ердоган...

Ердоган повика на воведување смртна казна во Турција по референдумот

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска изјави дека очекува во Турција да биде воведена смртна казна по референдумот за уставните измени, закажан за 16 април, пренесува ХРТ. Ердоган нагласил дека „без двоумење“ ќе потпише нацрт-закон за воведување смртна казна, веднаш по неговото прифаќање од страна на парламентот. „Семејствата на мачениците, семејствата на нашите јунаци не треба да се грижат. Верувам,...

Габриел: Ердоган бара непријател за да ја прикаже Турција понижена, а Западот – арогантен

Шефот на германската дипломатија, Зигмар Габриел, денеска им порача на турските функционери дека Германија ќе им забрани да учествуваат на собири за поддршка на турскиот референдум на нејзина територија. „Тој што ја преминува границата во однесувањето не смее да мисли дека може да ги шири своите ставови и кај нас“, вели Габриел за германскиот неделеник „Шпигел“. Тој вели дека нема само Турција...

Берлин: Го задржуваме правото да забраниме влез на турски политичари

Шефот на кабинетот на германската канцеларка, Петер Алтмајер, изјави дека забраната за турски политичари да одат во Германија за да водат кампања за референдум, била „последно средство“ и оти тоа е мерка за која владата задржува право да ја примени. Во изјава за медиумската куќа „Функе“, Алтмајер рече дека Германија „во иднина нема да дава слободно минување“ и оти внимателно...

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...