fbpx

Уставниот суд на Шпанија го блокираше референдумот за независност на Каталонија

-

Уставниот суд на Шпанија привремено ги блокираше плановите на каталонската регионална влада за финансирање референдум за независност, кој требаше да се одржи годинава. Претходно шпанската влада правно ги оспори ваквите планови.

„Суспензијата на каталонските планови, за почеток, ќе траат пет месеци додека Уставниот суд ја разгледа владината тужба, по што ќе донесе одлука“, соопшти судот.

Односите меѓу Каталонија и владата на Шпанија се влошени во изминатите години поради барањето на каталонските власти да одржат гласање за независност, што е спротивно на Уставот на Шпанија.

Каталонија бара да одржи референдум во септември. Последните анкети покажуваат дека 7,5 милиони Каталонци, колку што вкупно ги има, се еднакво поделени во врска со независноста, иако мнозинството ја поддржува идејата за одржување референдум.

Регионот, чиј главен град е Барселона, обезбедува петина од шпанскиот бруто домашен производ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...