петок, 15 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Каталонија | 81 резултати

Кризата во Каталонија ја чини шпанската економија една милијарда евра

јануари 2, 2018

Шпанскиот министер за економија, Луис де Гуиндос изјави дека кризата во Каталонија, по повод иницијативата за независност на тој регион, ја чинело државата една милијарда евра и дека локалната економија се уште ги чувствува последиците. Де Гуиндос изјави дека, успорувањето на економскиот пораст во Каталонија влијае на вкупната шпанска економија, која е четврта по големина […]

Шпанија повлекува полицајци од Каталонија

декември 27, 2017

Шпанското министерство за внатрешни работи соопшти дека од Каталонија повлекува неколку илјади полицајци, испратени во регионот како засилување пред референдумот. Министерот Хуан Игнацио Соидо рече дека околу 5.000 дополнителни полицајци повеќе не се потребни во регионот затоа што ситуацијата се вратила во нормала. Шпанија беше мета на критики поради полициската употреба на сила при спречување […]

Каталонските сепаратисти ја губат поддршката, тврди Рахој

декември 22, 2017

Шпанскиот премиер Маријано Рахој изјави дека каталонските сепаратисти ја губат поддршката „но не толку колку што би сакале“. Ова го изјави во првиот јавен настап откако сепаратистичката партија однесе тесна победа на вчерашните вонредни избори кои Мадрид ги распиша за да ги деморализира сепаратистите во Каталонија. – Прва задача на сите партии е да работат […]

Ослободени шест од осум каталонски политичари

декември 4, 2017

Шпанскиот Врховен суд одлучи да пушти на слобода шест од осум членови на поранешната каталонска влада, кои се сменети и уапсени по прогласувањето независност. Судот, меѓутоа, го одби барањето за ослободување со кауција на поранешниот каталонски потпретседател Ориола Жункерас и регионалниот министер за внатрешни работи Жоаким Форна. За шестeмина поранешни членови на каталонската влада кои […]

Имало надворешно мешање во Каталонија, тврди шефот на шпанската дипломатија

ноември 13, 2017

Шефот на шпанската дипломатија, Алфонсо Дастис изјави дека ќе ги запознае колегите од ЕУ со наводното „кибернетичко мешање“ од Русија и други делови од светот. Дастис рече дека податоците покажуваат дека имало „интернет сообраќај“ на медиумските мрежи во Русија и други земји после забранетиот референдум за независноста на Каталонија. Говорејќи за неодамнешниот состанок во Лондон […]

Пучдемон се жали дека го третираат како педофил и сериски убиец

ноември 11, 2017

Сменетиот каталонски лидер, Карлес Пучдемон наведе дека откако е пуштен на условна слобода во Белгија, јавноста го третира како педофил. Пучдемо во моментов се наоѓа во Брисел, каде замина откако Каталонија прогласи независност, а Мадрид ја смени каталонската влада. Тој и четворица министри, откако Шпанија распиша европска потерница им се предадоа на белгиските власти, а […]

Европа да ги отфрли сепаратизмот и национализмот, порача Јункер од Шпанија

ноември 9, 2017

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер денеска ја повика Европа да се спротивстави на сепаратизмот во време кога иницијативата за незaвисноста на Каталанија длабоко ја подели Шпанија, јавуваат светските агенции. – Национализмот е отров кој ја спречува Европа да функционира обединето – рекол Јункер во својот говор на универзитетот во шпанскиот град Саламанка, каде […]

Шпанија разгледува можност да им дозволи на регионите да организираат референдуми

ноември 8, 2017

Шпанија би можела да направи промени во уставот на земјата што ќе им овозможат на регионите да организираат референдуми за независност во иднина, вели шпанскиот министер за надворешни работи, Алфонсо Дастис за „Би-би-си“. Тој додава дека за ова прашање би требало да се одржи референдум на национално ниво. – Формиравме комитет во парламентот што ќе […]

Повеќе од 200 градоначалници од Каталонија протестираа во Брисел

ноември 7, 2017

Околу 200 каталонски градоначалници денеска се собраа во Брисел за да му изразат поддршка на сменетиот претседател на овој шпански регион, Карлес Пучдемон, додека Мадрид бара негова екстрадиција. Собирот на градоначалниците се одржа во таканаречениот европски кварт на Брисел, каде се сместени институциите на ЕУ, а во близина се собраа и стотина приврзаници за единствена […]

Пучдемон и министрите се предале на белгиската полиција

ноември 5, 2017

Според медиумите во Белгија, сменетиот претседател на каталонската влада, Карлес Пучдемон, ѝ се предал на полицијата. Освен Пучдемон, уапсени се и четворицата министри со кои тој пребега во Белгија, откако шпанските власти наредија апсење на неговиот кабинет. Обвинителството во Брисел за денеска најави дополнителни информации за ектрадицијата на Пучдемон и на министрите во Шпанија. По […]

Бошњаците од Санџак бараат автономија од Србија

ноември 4, 2017

Претседателот на Бошњачкиот национален совет во Србија, Сулејман Угљанин, вчера побара од српските власти и од Европската Унија да се распишат „избори за формирање на територијална автономија на српската областа Санџак“, каде мнозинството од жителите се Бошњаци. Угљанин, кој е и лидер на Партијата за демократска акција на Санџак (СДА), го темели барањето на резултатите […]

Во Каталонија затворени 15.000 работни места

ноември 3, 2017

Во Каталонија во октомври, во екот на политичката криза околу прогласувањето на независноста на овој регион, затворени се 15.000 работни места, соопшти шпанското Министерството за вработување и социјална безбедност. Политичката несигурност во Каталонија принудила 1.000 компании да ги преселат своите централи во други делови на Шпанија, од страв дека во случај на независност би можеле […]

Шпанското обвинителство бара од судот да издаде европски налог за апсење на Пучдемон

ноември 2, 2017

Шпанското обвинителство денеска побарало од судот да издаде европски налог за апсење на разрешениот каталонски лидер, Карлес Пучдемон, и на уште четворица членови на неговата влада, откако не се појавија на сослушувањето во Мадрид, јавуваат светските медиуми. Судот сè уште не донел одлука по барањето на обвинителството. Пучдемон и 14 членови на каталонската влада беа […]

Шпанското обвинителство бара притвор за осум каталонски министри

ноември 2, 2017

Шпанското обвинителство побарало притвор за осум членови на соборената сепаратистичка каталонска влада, додека трае истрагата, соопштија од Врховниот суд на Шпанија, во кој министрите беа сослушани. Како што се наведува, побарано е министерот Санта Виљ, кој поднесе оставка пред едностраното прогласување на независноста минатиот петок, да биде ослободен со кауција од 50.000 евра. Соборениот каталонски лидер, […]

Мадрид го блокираше прогласувањето независност на Каталонија

октомври 31, 2017

Уставниот суд на Шпанија на пленарна седница го блокираше прогласувањето на декларацијата за независност на Каталонија, јавува шпанскиот весник „Ел Мундо“. Уставниот суд ги предупреди членовите на канцеларијата на постојаниот претставник на парламентот во Каталонија, меѓу кои и претседателката на парламентот на Каталонија, Кармен Форкадељ, да прекинат со иницијативи што вклучуваат спроведување на декларацијата, наведува весникот. […]

Шпанскиот Врховен суд почна процес против каталонските законодавци

октомври 31, 2017

Шпанскиот Врховен суд почна да го процесуира обвинението за бунт поднесено против претседателката на каталонскиот парламент, Кармен Форкадела, како и други високи законодавци од тој регион, соопшти денеска портпаролот на судот. Шпанскиот државен обвинител, Хозе Мануел Маса, како што беше најавено во понеделникот, го обвини поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, за побуна, измама и […]

Пучдемон се наоѓа во Брисел, не се исклучува можноста да бара азил

октомври 31, 2017

Разрешениот каталонски лидер, Карлес Пучдемон е во Брисел и не се крие, изјавил неговиот адвокат Пол Бекарт, кој не ја отфрла можноста Пучдемон да бара азил во Белгија. – Тој ги има сите права да биде таму, против него не се води никаква постапка – изјавил Бекарт за фламанското државно радио. Прашан дали Пучдемон планира […]

Нов ден неизвесност во Каталонија откако Мадрид ја презеде власта

октомври 30, 2017

Шпанскиот регион Каталонија, кој во петокот еднострано прогласи независност, по што шпанската влада ги суспендираше сите регионални водачи, од кои прв е лидерот Карлес Пучдемон, денеска влегува во првиот работен ден по прогласувањето независност, кога се очекува мерките што Шпанија ги донесе во петокот да стапат на сила. Судот во Мадрид денеска ќе ја добие […]

Протести во Барселона против независноста на Каталонија

октомври 29, 2017

Во Барселона ќе има нови протести кои ќе бидат против прогласувањето независност на Каталонија од Шпанија. Каталонската цивилна асоцијација ги повика противниците за независностa да излезат попладне на улиците. Нивниот слоган е „Ние сме сите Каталонија. Здрав разум за коегзистенција“. Според организаторите, целта на маршот е да се одбрани единството на Шпанија и да се […]

Хрватска: Шпанија треба да го реши проблемот со Каталонија во рамките на Уставот

октомври 28, 2017

Хрватското министерство за надворешни и европски работи смета дека случувањата во Каталонија се внатрешно прашање на Шпанија. Оттука, Хрватска се залага за демократско и мирно решавање на проблемот, во согласност со европските вредности. Во соопштението на министерството, исто така, се наведува дека Хрватска не смета дека прогласувањето независност на Каталонија е во согласност со шпанскиот […]

Страна 1 од 4