недела, 7 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Каталонија | 81 резултати

Пучдемон се закани, а Мадрид најави радикални мерки

октомври 19, 2017

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон ј известил шпанската влада дека Каталонија не прогласила независност, но дека би можела тоа и официјално да го направи доколку Мадрид продолжи со репресијата, односно со суспендирање на автономијата. Истовремено, неименуван шпански државник изјави дека писмото на Пучдемон не одговора на повикот на шпанската влада да разјасни дали веќе е прогласена […]

Шпанија се заканува со целосно укинување на автономијата на Каталонија

октомври 18, 2017

Шпанските власти денеска соопштија дека се укинува делумно или целосно автономијата на областа Каталонија, ако регионалните лидери не се откажат од независност. – Ако претседателот на Каталонија, Кралес Пучдемон, не се откаже од независноста, тогаш ќе биде применет член 155 од Уставот, кој овозможува укинување на автономијата – изјави потпретседателската на шпанската влада, Сораја Саенс де […]

Пучдемон доби нов рок, треба да одлучи до четврток

октомври 16, 2017

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон, кој требаше денеска да се изјасни дали прогласил независност на Каталонија или не, има нов рок – четврток до 10 часот. – Господинот Пучдемон има уште една шанса да почне да ја решава оваа ситуација, тој мора да одговори со „да“ или „не“ за тоа дали прогласил независност – изјави вицепремиерката […]

Јункер: Ако ѝ дозволиме на Каталонија, и други ќе сакаат да се отцепат

октомври 13, 2017

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска изјави дека не сака Каталонија да стане независна затоа што тоа би охрабрило и други региони во други држави да го направат истото, што дополнително би го комплицирало управувањето на Европската Унија. – Доколку дозволиме Каталонија да се одвои, а тоа не е наша работа, тогаш и други ќе […]

Рахој бара од каталонската влада да разјасни дали прогласила независност или не

октомври 11, 2017

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска на прес-конференција соопшти дека ќе бара од каталонската влада да разјасни дали Каталонија прогласила независност или не. Рахој рече дека се бара појаснување пред да биде преземена каква било акција, во согласност со членот 155 од уставот на Шпанија. Портпаролот на каталонската влада, Жорди Турул, за „Радио Каталонија“ утрово изјавил […]

Пучдемон ја потпиша декларацијата за независност на Каталонија, Мадрид најави одговор

октомври 11, 2017

Претседателот на каталонската регионална влада, Карлес Пучдемон, доцна синоќа ја потпиша декларацијата за прогласување на независност на Каталонија, но го одложи нејзиното стапување на сила. „Ја создаваме Република Каталонија како независна, суверена, правна, демократска и социјална држава“, се наведува во текстот на декларацијата. Претставник на каталонската влада, по потпишувањето на декларацијата, изјави дека Пучдемон го одложува […]

Засилено полициско обезбедување пред седницата на каталонскиот парламент

октомври 10, 2017

Полицијата денеска ги обезбедува јавните објекти и затворениот парк околу каталонскиот парламент во Барселона, каде треба да се одржи дебата и гласање за деклрацијата за независност на Каталонија, јавуваат светските агенции. Каталонскиот претседател, Карлес Пучдемон, не ја открива содржината на пораката што ќе ја упати на пленарната седница на парламентот, закажана за денеска во 18 часот. […]

Масовен протест во Барселона против отцепувањето на Каталонија од Шпанија

октомври 8, 2017

Стотици илјади лица денеска излегоа на улиците на Барселона за да протестираат против плановите на регионалната каталонска влада да се отцепи од Шпанија. Ова е најмасовниот протест против отцепувањето на просперитетниот регион од Шпанија, што ја доведе оваа европска земја на раб на национална криза. Барселонската полиција соопшти дека на протестот учествувале околу 350.000 луѓе, […]

Шпанската влада најави замрзнување на автономниот статус на Каталонија

октомври 8, 2017

Владата на Шпанија ќе ги употреби сите уставни мерки за да го замрзне автономниот статус на Каталонија и за да го спречи нејзиното отцепување, изјави шпанскиот премиер Мариано Рахој во интервју за весникот „Паис“. Тој не ја исклучува можноста да го активира членот 155 од Уставот, според кој премиерот може да ја распушти регионалната влада […]

Протести во Мадрид и во Барселона со повик за политички дијалог

октомври 7, 2017

Илјадници граѓани на Шпанија, облечени во бело, се собраа на симултани демонстрации во Мадрид и во Барселона и со слоганот „Сакаме да зборуваме“, ги повикаа шпанските политичари да почнат дијалог. Организаторите на собирите ги повикаа граѓаните да не носат ниту шпански, ниту каталонски знамиња на протестите, туку да се облечат во бело. 1. Two demonstrations […]

Каталонците стапуваат во генерален штрајк

октомври 3, 2017

Каталонците денеска стапуваат во генерален штрајк, кој ќе го блокира функционирањето на најголем дел од регионот кој бара независност, односно од одвојување од Шпанија, пренесува „Би-би-си“. Штрајкот го организираат каталонските синдикати и трговските здруженија, поради, како што се наведува, тешко кршење на правата и на слободите, за време на обидот за одржување на референдумот во […]

Каталонија и Косово не се споредливи бидејќи Шпанија е во ЕУ, тврди Европска комисија

октомври 2, 2017

Европска комисија, која референдумот во Каталонија го прогласи за неуставен, тврди дека случајот со таа шпанска покраина и со Косово и Метохија се неспоредливи затоа што Шпанија е членка на Европска Унија. – Кога станува збор за признавањето на Косово, тоа беше многу специфичен контекст. Тоа беше позиција усвоена од различни декларации и резолуции на Обединети […]

Каталонското прашање треба да се реши во рамки на Уставот на Шпанија, смета Димитров

октомври 2, 2017

Прашањето за Каталонија треба да биде решено во рамки на Уставот на Шпанија, изјави денеска министерот за надворешни работи, Никола Димитров. – Загрижуваат случувањата поврзани со референдумот во Каталонија. Нашиот став е дека тоа прашање може да се реши само во рамките на уставниот поредок на Шпанија и низ политички дијалог. Прашањето е премногу комплексно […]

Европска комисија: Референдумот во Каталонија е нелегален

октомври 2, 2017

Европската комисија соопшти дека референдумот за независност на Каталонија не е легален. Каталонската влада претходно соопшти дека 90,9 отсто од граѓаните излегле на референдумот за независност и се изјасниле дека се за независност на оваа област од Шпанија. Каталонскиот премиер Карлес Пуџдемон прогласи победа на опцијата за независност и истакна дека е направен пат за […]

Дури 460 луѓе биле повредени од полицијата, тврди каталонската влада

октомври 1, 2017

Во акцијата на шпанската полиција во Каталонија да го спречи референдумот за независност на оваа покраина, се користеше и директно физичко насилство и пендреци и гумени куршуми, јавуваат медиумите. Во пресметката што се случуваше кога на гласачките места полицијата интервенираше за да го одземе гласачкиот материјал, а граѓани се спротивставуваа, се повредени најмалку 460 цивили […]

МНР: Нема повредени македонски државјани во инцидентите во Каталонија

октомври 1, 2017

Македонското министерство за надворешни работи (МНР) до попладнево нема информации за повредени граѓани во судирите во Каталонија, каде се одржува референдум за независност, кој шпанската влада го прогласи за нелегален. Како што соопшти МНР преку својот твитер-профил, досега ниту еден македонски државјанин не побарал помош од македонската амбасада во Шпанија. МНР е во редовен контакт […]

Во Каталонија пожарникарите ги бранат граѓаните од полицијата

октомври 1, 2017

Пожарникарите во шпанскиот регион Каталонија застанаа во одбрана на граѓаните од полициските акции, јави „Индепендент“, откако во денешните интервенции и судири беа повредени неколку стотини лица. Со жив штит, пожарникарите ги двојат граѓаните кои протестираат против полициската бруталност од националните сили. Полициската акција се случуваше во текот на денешниот ден поради наредбата на шпанската влада да […]

Во акцијата на полицијата во Каталонија најмалку 38 лица се повредени

октомври 1, 2017

Досега се регистрирани 38 повредени лица, најголемиот дел од нив со помали повреди, сооштија здравствените органи во Каталонија, додека во оваа шпанска покраина се случува масовна полициска акција со брутално насилство за да се спречи референдумот за осамостојување на Каталонија од Шпанија. Каталонскиот водач Карлес Пуџдемон го осуди, како што рече, „неоправдливото насилство“ од шпанската […]

Полицијата пука со гумени куршуми по граѓаните во Барселона

октомври 1, 2017

Крвави судири се случуваат во Барселона помеѓу шпанската полиција и поборниците за независност на покраината Каталонија, откако полицијата изврши неколку брутални упади на избирачки мести и почна да се пресметува со граѓаните на улиците, а почна и да пука со гумени куршуми по луѓето. Според извештаите на светските медиуми, веќе има десетици ранети луѓе. Демонстранти […]

Гласањето за независност на Каталонија почна со силна полициска интервенција

октомври 1, 2017

Референдумот за независност во Каталонија утрово почна хаотично кога полицијата се обиде да ги затвори гласачките кутии, по наредба од шпанската влада. Полицијата ги спречува граѓаните да се доближат до местата за гласање и одзема материјали подготвени за гласање. Во Џирона, полицијата насилно влезе во гласачко место каде требаше да гласа лидерот на Каталонија, Карлес Пуџдемон. […]

Страна 3 од 4