fbpx

Пучдемон: Можам да управувам со Каталонија од Брисел со помош на новите технологии

-

Сменетиот претседател на Каталонија по референдумот за независност, Карлес Пучдемон изјави дека има право повторно да биде избран за лидер на овој регион и дека може да управува од странство со помош на новите технологии.

Пучдемон, по неговата смена од страна на шпанската влада и поведената судска постапка, замина во Брисел.

– Јас сум член на парламентот кој совршено одговара за претседател. Овие денови многу големи проекти се остваруваат со помош на новите технологии – изјавил Пучдемон за каталонското радио, пренесуваат светските агенции.

Неговите поддржувачи сметаат дека тој би можел да управува со регионот преку видео-врска, а некои поради тоа веќе го нарекоа првиот „холограмски претседател“.

Пучдемон додал дека планира повторно да ја воспостави претходната администрација, по регионалните избори што се одржаа на 21 декември, на кои партиите што ја поддржуваат независноста на Каталонија освоија тесно мнозинство во регионалниот парламент.

– Нема план Б. Планот А е обнова, затоа што тоа е она што ни го доверија луѓето – изјавил Пучдемон.

Шпанскиот премиер, Маријано Рахој претходно изјави дека властите во Мадрид ќе продолжат директно да ја контролираат Каталонија доколку сменетиот лидер Карлес Пучдемон се обиде да ја извршува функцијата регионален претседател од Брисел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...