среда, 17 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Каталонија | 81 резултати

Пучдемон го повика народот на мирен начин да се спротивстави на одлуката на Мадрид

октомври 28, 2017

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон, кој е разрешен од централната власт на Шпанија поради прогласување независност на регионот, го повика народот на мирен начин да се спротивстави на преземањето на контролата од страна на Мадрид. Во денешното телевизиско обраќање, Пучдемон рече дека „одлуката на Мадрид да ја суспендира автономијата на Каталонија и да го именува земник-премиерот […]

Шпанските власти од денеска ја преземаат контролата над Каталонија

октомври 28, 2017

Преземањето на контролата на шпанските власти над Каталонија денеска стапи на сила. „Претседателот на шпанската Влада ја презеде улогата и овластувањата од претседателот на Каталонија“, се наведува во официјалното соопштение на шпанските власти. Шпанскиот министер за внатрешни работи, Хуан Игнасио Зојдо, наведува дека денеска е отпуштен и шефот на регионалната полиција, Хозе Лјиуд Траперо, против […]

Шпанскиот премиер ја распушти каталонската влада

октомври 27, 2017

Премиерот на Шпанија, Маријано Рахој, вечерва соопшти дека ја распушта владата на регионот Каталонија, откако регионалниот парламент прогласи „Каталонска Република“, односно независност од Шпанија, јавија светските медиуми. Парламентот на Каталонија исто така е распуштен, според гласањето на Сенатот на Шпанија, кој изгласа овластувања за шпанската влада да преземе директна контрола врз сепаратистичкиот регион, односно ја […]

Светот глув на прогласувањето независност на Каталонија

октомври 27, 2017

Србија, САД, Германија и Франција денеска соопштија дека ја поддржуваат владата на Шпанија и не го поддржуваат прогласувањето независност на Каталонија. Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, рече дека за Србија објавувањето на независноста на Каталонија нема правен легитимитет. – Србија го поддржува шпанскиот територијален интегритет и оваа акција не е во согласност со […]

Водачите на Каталонија ќе бидат обвинети за бунт

октомври 27, 2017

Врховниот јавен обвинител на Шпанија ќе поднесе обвинение за бунт против сите одговорни за гласањето во каталонскиот парламент за независност на Каталонија, јави „Индипендент“. Според портпаролот на обвинителството, обвинителот разгледува дали обвинението треба да се однесува само на владата на регионот Каталонија, вклучувајќи го и претседателот Карлес Пучдемон, или и на пратениците во регионалниот парламент. Според […]

Сенатот на Шпанија ја укина автономијата на Каталонија

октомври 27, 2017

Кратко откако попладнево парламентот на Каталонија прогласи независност, Сенатот на Шпанија изгласа овластувања за шпанската влада да преземе директна контрола врз сепаратистичкиот регион, односно ја укина автономијата и им ги одзеде овластувањата на сепаратистичките водачи на Каталонија. С0 214 гласа „за“ и 47 „против“, Сенатот за Шпанија се повика на членот 155 од Уставот на […]

Каталонскиот парламент прогласи независност од Шпанија

октомври 27, 2017

Пратениците на каталонскиот парламент денеска на тајно гласање прогласија независност на Каталонија од Шпанија. Гласањето го бојкотираа пратениците од опозицијата. Каталонскиот парламент гласаше за почнување на конститутивен процес за одвојување на Шпанија со 70 гласа „за“, 10 „против“ и два неважечки, јавува каталонскиот весник „Вангвардија“. Расправата во каталонскиот парламент траеше неколку часа, а ја одбележа остра поделба во […]

Каталонските сепаратистички партии бараат прогласување независност

октомври 27, 2017

Каталонските партии кои се залагаа за независност поднеле барање до регионалниот парламент да прогласи независност на „Република Каталонија“, но не е познато дали за тоа барање ќе се гласа на денешната седница. Шпанскиот весник „Паис“ пишува дека партијата Кандидатура за народно единство (КУП), која е наклонета кон независноста и е партнер на каталонската влада, на […]

По мерките, прв чекор е смена на Пучдемон, порача Рахој

октомври 27, 2017

Шпанскиот Сенат ја почна седницата на која треба да се гласа за смена на владата на Каталонија, откако овој регион на 1 октомври одржа референдум за независност. Сенатот гласа за активирање на членот 155 од Уставот на Шпанија, кој би довел до воведување принудна управа на Мадрид над Каталонија. Во Сенатот во моментов говори шпанскиот […]

Шпанија не е Југославија, им порача Јункер на Каталонците

октомври 27, 2017

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, оцени дека Каталонците не се под репресија на Шпанија и дека ситуацијата во која се наоѓаат не може да се спореди со таа во поранешна Југославија. – Во Каталонија не постои проблем со кршење на човековите права, затоа што Католонците, кои ми се мили и чија култура ја почитувам, […]

Каталонскиот министер за економија си поднесе оставка и бара да се распишат избори

октомври 27, 2017

Министерот за економија во каталонската влада, Санти Вила, поднел оставка, соопштиле извори од владата за новинската агенција „Ројтерс“. Оставката ја поднел вчера, по одлуката на регионалниот претседател Карлес Пучдемон да одбие да распише избори и да ја остави можноста за еднострано прогласување независност од Шпанија. Санти Вила изјавил дека е против таквата декларација и дека […]

Пучдемон: Нема гаранции за одржување на парламентарни избори

октомври 26, 2017

Каталонскиот лидер, Карлес Пучдемон, денеска ја отфрли можноста за распишување на парламентарни избори бидејќи, како што појасни, не постојат гаранции за нивно одржување. Пучдемон денеска рече дека размислувал да побара предвремени избори, но не ја донел таквата одлука затоа што не добил доволно гаранции дека владините „навредливи“ потези за преземање контрола врз Каталонија ќе бидат суспендирани. – […]

Ако Мадрид го реализира планот, кризата ќе ескалира, тврди Пучдемон

октомври 26, 2017

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон изјави дека кризата во Шпанија ќе ескалира доколку централната власт го реализира планот за преземање на управата над Каталонија. „Планот на шпанската влада ќе создаде сериозна вонредна ситуација со одемањето на автономијата на Каталонија“, навел Пучедемон во писмото до шпанскиот Сенат, кој денеска во 17 часот треба да ја разгледа примената на членот […]

Рахој се надева дека мерките против Каталонија нема да траат долго

октомври 25, 2017

Шпанскиот премиер изјави дека плановите на владата да ја преземе контролата над Каталонија и да го спречи обидот за независност се исклучителни и изрази надеж дека тие нема да траат долго. Рахој во парламентот рече дека примената на член 155 од Уставот е „единствена можна“ опција за воспоставување владеење на правото кое, според него, е укинато […]

Каталонските власти нема да ги слушаат наредбите на Мадрид

октомври 23, 2017

Властите на Каталонија нема да примаат наредби од Мадрид, туку ќе го слушаат само каталонскиот народ, соопшти портпаролот на каталонското министерство за надворешни работи, Раул Ромевa. – Сите институции, вклучувајќи ја и полицијата, треба да ги следат инструкциите од демократски избраната власт на Каталонија – изјави Ромева за „Би-би-си“. Тој додаде дека не може да […]

Пучдемон: Нема да го прифатиме планот на Рахој за директна управа во Каталонија

октомври 22, 2017

Каталонија нема да го прифати планот на шпанската влада за директна управа во покраината, изјави каталонскиот претседател, Карлес Пучдемон, пренесува „Би-би-си“. Пучдемон го опишал планот на Мадрид како најлош напад на каталонските институции од диктатурата на генералот Франциско Франко (1939-1975), за време на која беше одземен автономниот статус на Каталонија. Шпанскиот премиер Маријано Рахој вчера, […]

Рахој побара суспендирање на каталонската влада и предвремени избори во покраината

октомври 21, 2017

Шпанската влада на денешната вонредна седница донела одлука за распуштање на каталонската влада и за одржување на вонредни избори во покраината, соопшти по седницата шпанскиот премиер, Маријано Рахој. Тој изјави дека владата во Мадрид не сакала, но била принудена да го примени членот 155 од уставот на Шпанија, поради однесувањето на каталонските власти со иницијативата […]

Каталонците во знак на протест повлекуваат пари од банките

октомври 20, 2017

Клиентите во банките во Каталонија ги подигаат парите од финансиските институции кои ги пренеле своите седишта на други локации во Шпанија во екот на кризата по референдумот за независност. Движењето за независност на Каталонија синоќа ги повика своите приврзаници да ги повлечат своите пари од банките и на тој начин да извршат притисок врз тие […]

ЕУ отвори пат кон сепаратизам по признавањето на Косово, тврди Путин

октомври 20, 2017

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги критикуваше САД бидејќи не го почитуваат својот дел од договорот кога станува збор за меѓународните договори. Тој додаде дека Москва нема да излегува од таквите спогодби, но вети „инстантен, симетричен одговор“, ако Вашингтон прв го направи тоа. Говорејќи на форумот за меѓународна политика „Валдаи“ во Сочи, Путин говворел за […]

Шпанија в сабота ќе ја почне постапката за укинување на автономијата на Каталонија

октомври 19, 2017

Шпанската влада денеска соопшти дека в сабота ќе одржи вонредна седница и ќе ја почне постапката за укинување на автономијата на Каталонија. Владата на Народната партија на десниот центар, која е на власт од 2011 година, в сабота ќе одржи вонреден состанок на министрите, по кој би требало до шпанскиот парламент да испрати предлог-мерки од […]

Страна 2 од 4