Британската влада би можела да го блокира вториот референдум за излез од Шкотска од составот на Велика Британија, што наиде на осуда во Единбург.
Министерот за одбрана, Мајкл Фелон, ја изнесе идејата, по што се огласи премиерката на Шкотска, Никола Стурџен, истакнувајќи дека тоа би било катастрофално.
Фелон рече дека шкотската влада нема мандат да организира втор референдум за независност и дека Вестминстер нема да ѝ асистира на Стурџен во идејата граѓаните повторно да излезат да гласаат по неуспешниот референдум во 2014 година.
– Заборавете на тоа, не планираме да ѝ помогнеме на власта во Шкотска. Стурџен постојано го бара тоа од нас, но таа мора да ја почитува одлуката на народот да остане во составот на Велика Британија, како и одлуката Велика Британија да ја напушти Европската Унија – рече Фелон.
Пред три години, 55 отсто од Шкотите гласаа за останување во составот на Велика Британија.
– Фалон врши сериозна опструкција. Мора да сфати колку тоа може да биде катастрофално за партијата на ториевците – рече Стурџен.