fbpx
Таг: референдум

таг: референдум

Фараж се „заканува“ со нова кампања за Брексит

Доколку Британија не излезе од ЕУ до 2019 годин, ќе почнам нова кампања за напуштање на Европската Унија, изјави привремениот лидер на антиевропската и антимигрантска Партија на независноста на Обединетото кралство (УКИП), Најџел Фараж. Во своето обраќање по одлуката на лондонскиот виш суд, според која владата нема овластување да го почне двегодишниот процес за напуштање на ЕУ без согласност и...

Уставните промени за поголема власт на Ердоган одат во турскиот парламент

Турскиот премиер Бинали Јилдирим денеска соопшти дека владејачката Партија на правдата и развојот завршила со работата на уставните предлог-промени со кои во државата треба да биде воведена извршна претседателска власт, јавуваат светските агенции. Јилдирим во говор на затворањето на дводневната партиска конференција во западната покраина Афјон рекол дека партијата е подготвена предлог-законите да ги поднесе во парламентот. Според критичарите, со новите...

Премиерката на Шкотска најави референдум за отцепување од Британија

Консултациите за распишување референдум за отцепување на Шкотска од Велика Бритаија почнуваат следната недела, соопшти премиерката Никола Стурџен на конференција на нејзината Шкотска национална партија (СНП). Првиот референдум беше одржан на 18 септември 2014 година, но тогаш 55 отсто од Шкотите гласаа против отцепување од Велика Британија. Сепак, сега ситуацијата би можела да биде значително поинаква, имајќи предвид дека Обединетото Кралство...

Во Бугарија почна кампањата за претседателските избори

Изборната кампања во Бугарија за претстојните претседателски избори, изборите за потпретседател и за националниот референдум, официјално почна денеска. Во борбата за претседател и за потпретседател на Бугарија се борат 21 пар, кои се поддржани од партиите и од коалициите. Според Изборниот законик, објавувањето анонимни материјали поврзани со изборната кампања е забрането. Државата овозможува средства за медиумите во висина од 40.000 лева. На шести...

„Студентски пленум“: Вчера студентите одржаа час по демократија

На првиот студентски референдум организиран од „Студентски пленум“, 94 отсто од студентите што гласале се изјасниле дека не сакаат Студентскиот парламент да остане невладина организација. Од пленумот велат дека изборите, кои се одржале на 21 факултет, поминале генерално мирно со одредени притисоци од членови на Студентскиот парламент. - Денот на референдумот помина генерално мирно, но мора да се забележи и да...

Околу 2.600 студенти гласале на референдумот, резултати ќе има вечерва

Околу 2.600 студенти го искористиле правото да гласаат на првиот студентски референдум што го организира „Студентски пленум“, велат од пленумот половина час пред затварањето на гласачките места. На референдумот студентите се изјаснуваат за тоа какво студентско организирање сакаат. Од пленумот велат дека се задоволни и изненадени од излезноста на студентите, а официјални резултати од референдумот најавуваат вечерва по броењето на гласачките...

Голема излезност на првиот Студентски референдум

„Студентски пленум“ денеска го организира првиот студентски реферндум на кој студентите се изјаснуваат какво студентско организирање сакаат.  Референдумот се одржува на 20 факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Од пленумот велат дека досега гласањето се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера и дека има изненадувачки голема излезност. - Гласањето не почна на Ветеринарен, Земјоделски и на Факултетот за физичка...

Активистички ден во Скопје – студентски референдум и протест за Павле Богоевски

Референдумот на „Студентски пленум“ и протестот на „Шарена револуција“ се двата активистички настани денеска. „Студентски пленум“ од 9 до 17 часот ќе организира референдум на кој студентите ќе треба да се изјаснат за тоа какво студентско организирање сакаат. Гласањето ќе биде тајно, а избирачки места ќе има на сите факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. За да гласаат, студентите ќе...

Неуспехот на референдумот непријатен за Орбан, но не е пораз

Неуспехот на референдумот за мигрантски квоти во Унгарија претставува удар за Виктор Орбан, оценуваат светските агенции, додека дел од аналитичарите велат дека е „непријатно, но не претставува катастрофален пораз“ за унгарскиот премиер. Опозицијата веднаш го повикаа Орбан да поднесе оставка, а групите за човекови права го обвинија дека ги распламтува стравувањата од мигрантите. Врз основа на 94,8 проценти преброени гласови, референдумот во...

Колумбијците го отфрлија мировниот договор со ФАРК

Колумбијците на референдум ја отфрлија спогодбата за ставање крај на полувековните судири меѓу владата и бунтовничката група Револуционерни сили на Колумбија (ФАРК). Според 99 отсто од пребројаните гласови, 50,24 отсто од гласачите се изјасниле против спогодбата, а 49,75 биле „за“. Анкетата спроведена пред референдумот предвидуваше глатка победа на опцијата за ратификување на спогодбата. Колумбиската влада и ФАРК минатата недела потпишаа историски мировен...

Унгарците гласаат на референдум за или против бегалците

Унгарските избирачи денеска на референдум гласаат за задолжителните квоти на ЕУ за населување на мигранти во Унгарија. Прашањето на анкетата гласи: „Сакате Европската Унија да има право да наредува задолжително населување на неунгарски граѓани во Унгарија без согласност на парламентот?“. Под „неунгарски граѓани“ се имаат предвид мигранти кои побарале азил во ЕУ. Референдумот беше организиран како одговор на планот усвоен од Брисел за прераспределба...

Дачиќ: Нема да има референдуми за одвојување на Војводина и за спојување на Косово

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска ја отфрли можноста за одржување референдуми за одвојување на Војводина од Србија и за спојување на Косово кон Албанија. - Референдумот во Војводина секако не е можен затоа што за тоа треба да се донесе одлука, а оние кои го предлагаат тој референдум немаат мнозинство да донесат одлука ни во месна заедница, а камоли...

Суспендиран главниот обвинител на БИХ

Дисциплинската комисија на Високото обвинителство и на Судскиот совет денеска го суспендирала главниот обвинител на Босна и Херцеговина, Горан Салиховиќ. Против Салиховиќ е поведена дисциплинска постапка поради сомневање дека ги злоупотребил службените овластувања. Постапката против Салиховиќ е поведена по наводи во медиуми дека тој преку посредник до претседателот на Република Српска, Милорад Додик, оддавал податоци за текот на истраги што против него се...

„Студентски пленум“ го одложи референдумот за следната среда

Првиот студентски референдум, кој требаше да се одржи утре, ќе се одложи за една недела, информираат од „Студентски пленум“. Новиот датум за референдумот е 5 октомври. - Голем број студенти апелираа дека индексите им се заглавени во административните служби, односно на студентски прашања заради уписите. Втората причина е што уписите на одредени факултети се пролонгирани, односно ќе траат до 30 септември....

САД го осудија референдумот во Република Српска

САД го осудија референдумот што се одржа во неделата во Република Српска и го нарекоа нелегален. Од Вашингтон наведуваат дека ќе ги поддржат локалните институции кои бараат раководството на Република Српска да одговара за подривање на владеењето на правото и за опструкциите на применувањето на Дејтонскиот договор. - Ги повикуваме сите страни во БИХ да се воздржат од понатамошни акции и од реторика...

Опозицијата во Венецуела бара референдум и отповикување на Мадуро

Опозицијата во Венецуела повика на протести на 12 октомври низ целата земја за да се забрза одржувањето на референдумот за отповикување на претседателот Николас Мадуро. Лидерите на опозицијата бараат референдумот да се одржи оваа година, а не следната, како што предложи изборната комисија. Опозицијата ги поттикнува граѓаните на Венецуела да протестираат секој ден поради неуставната одлука на комисијата, која одлучи дека...

Додик: На насилството од Сараево ќе одговориме со отцепување

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека официјална Бања Лука на насилството од Сараево ќе одговори со отцепување од Босна и Херцеговина. Оваа изјава Докик ја даде за агенцијата „Спутник“ пред разговорот со рускиот претседател Владимир Путин, како коментар на претходната изјава на командантот на босанската војска, Сафер Халиловиќ, кој се закани со насилство врз Република Српска ако референдумот...

Македонија слави 25 години независност

Република Македонија денеска го одбележува 8 Септември - Денот на независноста. На денешен ден во 1991 година, се одржа референдумот на кој граѓаните со убедливо мнозинство, кое надминуваше 95 отсто, се изјаснија за самостојна и независна држава, одговарајќи позитивно на референдумското прашање „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија“. Претходно, на...

Туск: ЕУ нема да почне преговори со Велика Британија пред активирањето на Брексит

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска од Луксембург предупреди дека Европската Унија нема да ги почне преговорите со Велика Британија, за нејзините односи со Унијата во иднина, додека земјата официјално не ја почне процедурата за излез од ЕУ, јавуваат светските агенции. „Нашиот став е јасен. Нема преговори пред почетокот на процедурата“. изјавил Туск по средбата со премиерот на Луксембург, Ксавиер...

Меј нема да дозволи во парламентот да се гласа за Брексит

Британската премиерка Тереза Меј нема да дозволи во парламентот да се одржи гласање за Брексит пред формалното почнување на постапката за излегување на Велика Британија од Европската Унија. Како што наведува „Дејли телеграф“, Меј на противниците нема да им пружи шанса да ја блокираат одлуката за излегување. Британската премиерка консултирала правници кои велат дека таа има овластување да го почне...

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...