fbpx

Туск: ЕУ нема да почне преговори со Велика Британија пред активирањето на Брексит

-

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска од Луксембург предупреди дека Европската Унија нема да ги почне преговорите со Велика Британија, за нејзините односи со Унијата во иднина, додека земјата официјално не ја почне процедурата за излез од ЕУ, јавуваат светските агенции.

„Нашиот став е јасен. Нема преговори пред почетокот на процедурата“. изјавил Туск по средбата со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел.

Инаку, Туск мисли на активирањето на членот 50 од Лисабонскиот договор, со кој земја членка на ЕУ ја почнува процедурата за нејзино излегување од Унијата. Со активирањето на овој член, почнува периодот од две години во кои се преговара за условите за излегување и за идните односи на земјата со ЕУ.

Претседателот на Европскиот совет изјавил дека нема да има преговори пред тоа бидејќи Европската Унија сака да ги заштити своите интереси.

Британската премиерка, Тереза Меј, неколкупати изјави дека нема да ја активира процедурата за излегување од Унијата до крајот на оваа година.

Мнозинството граѓани на Велика Британија на референдумот, кој се одржа на 23 јуни оваа година, гласаа за Брексит, односно одлучија земјата да излезе од ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...