fbpx

Премиерката на Шкотска најави референдум за отцепување од Британија

-

Консултациите за распишување референдум за отцепување на Шкотска од Велика Бритаија почнуваат следната недела, соопшти премиерката Никола Стурџен на конференција на нејзината Шкотска национална партија (СНП).

Првиот референдум беше одржан на 18 септември 2014 година, но тогаш 55 отсто од Шкотите гласаа против отцепување од Велика Британија. Сепак, сега ситуацијата би можела да биде значително поинаква, имајќи предвид дека Обединетото Кралство ја напушта Европската Унија.

Кај Шкотите се појави чувство на револт поради тоа што, всушност, Англичаните ги извлекоа од ЕУ, така што со мнозинство гласови одлучија за излегување, иако Шкотите со сигурно мнозинство гласаа против Брексит.

Стурџен на членовите на својата партија им рече дека Шкотска има полно право да бара подобро решение доколку се дојде во ситуација во која иднината на Обединетото Кралство станува неизвесна.

– Убедена сум дека имаме право сами да одлучиме за својата независност и тоа пред Британија да ја напушти Европската Унија, доколку тоа е тоа што ни е потребно за да ги заштитиме интересите на нашата земја. Затоа предлагам консултациите за нов референдум да почнат следната недела – рече премиерката на Шкотска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...