fbpx

Дачиќ: Нема да има референдуми за одвојување на Војводина и за спојување на Косово

-

Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, денеска ја отфрли можноста за одржување референдуми за одвојување на Војводина од Србија и за спојување на Косово кон Албанија.

– Референдумот во Војводина секако не е можен затоа што за тоа треба да се донесе одлука, а оние кои го предлагаат тој референдум немаат мнозинство да донесат одлука ни во месна заедница, а камоли во покраинско собрание – изјави Дачиќ, коментирајќи ја неодамнешната изјава на лидерот на Лигата на социјалдемократи на Војводина (ЛСВ), Ненад Чанак.
Чанак на 27 септември ја критикуваше поддршката на претседателот на Србија, Томислав Николиќ за референдумот во Република Српска и рече дека ако тоа е во ред, тогаш и во Војводина треба да се одржи референдум.

– Ако е легална одлуката највисоките правосудни институции на една суверена држава да се уриваат на референдум организиран на дел од државна територија, тогаш ЛСВ предлага слична ваква практика да биде воведена и во Србија. Прелагаме во Војводина да се распише референдум за тоа дали граѓаните ја прифаќаат срамната одлука на Уставниот суд на Србија од пред две години, за укинување на статутот на Војоводина и за тоа дека Нови Сад не може да биде наш главен град – изјави Чанак.

Запрашан за коментар на наводите дека и партијата на косовскиот претседател Хашим Тачи, Демократската партија на Косово, предлага референдум за спојување на Косово со Албанија, Дачиќ денеска кажа дека е добро што сите тие коментари се појавиле за меѓународната заедница да може да види дека Србија била во право и дека суштината на нивната политика била обединување на Косово и на Албанија.

– Ние за тоа говоревме 20-30 години. Таму не живеат два народи туку еден народ, тоа не се Косовари, туку се Албанци кои живеат на Косово – додаде Дачиќ.

Тој додаде дека албанскиот народ остварил право на самоопределување преку Албанија, а дека на Косово Албанците се национално малцинство во рамки на Србија, кое нема право на самоопределување.

– Додека не им намигне некој од Западот, тие референдум сигурно нема да организираат – изјави Дачиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...