Неуспехот на референдумот непријатен за Орбан, но не е пораз

Неуспехот на референдумот за мигрантски квоти во Унгарија претставува удар за Виктор Орбан, оценуваат светските агенции, додека дел од аналитичарите велат дека е „непријатно, но не претставува катастрофален пораз“ за унгарскиот премиер.

Опозицијата веднаш го повикаа Орбан да поднесе оставка, а групите за човекови права го обвинија дека ги распламтува стравувањата од мигрантите.

Врз основа на 94,8 проценти преброени гласови, референдумот во Унгарија не успеал бидејќи на него излегле помалку од 50 проценти од избирачите.

Но, 98,2 отсто од излезените се изјасниле против обврзувачките квоти на ЕУ за прифаќање на мигрантите, што функционерите на владејачката партија го толкуваат како победа.