недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: гласови | 25 резултати

Данела Арсовска и Петре Шилегов одат во втор круг, градоначалник веќе добија Гази Баба, Сарај, Бутел, Аеродром и Кисела Вода

18 октомври 2021

Иден скопски градоначалник ќе се бира во втор круг што ќе се одржи на 31 октомври. Според досега преброените гласови објавени на веб-страницата за локалните избори на Државната изборна комисија (ДИК), односно околу 80 отсто од нив, битката за Скопје ја водат ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Во трката за нов градоначалник на главниот град досегашниот Петре […]

СДСМ: ДИК веднаш да ги поправи грешките и да презентира точни резултати пред јавноста

16 јули 2020

СДСМ ја повика Државната изборна комисија (ДИК) да ги поправи грешките и да презентира резултати пред јавноста. „Според податоците на изборниот компјутерски центар на СДСМ, разликата во корист на коалицијата Можеме изнесува најмалку три мандати, а во податоците презентирани од страна на ДИК забележани се сериозни недостатоци и грешки кои може да даваат неточна слика […]

Мицкоски му се закани на Заев со политички пекол, Сиљановска гледа потреба од предвремени избори

6 мај 2019

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на прес конференција вечерва по објавувањето на резултатите од претседателските избори им порача на СДСМ и на Зоран Заев дека ги очекува „политички пекол“ што ќе го предводи ВМРО-ДПМНЕ, како најголемата политичка сила во земјава. Мицкоски прогнозираше дека на следните парламентарни избори ќе постигне триумф, освојувајќи половина милион гласови. – […]

Деркоски: Изборите минаа во коректна атмосфера, нема пријави за нерегуларности

5 мај 2019

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) ги соопшти прелиминарните резултати од претседателските избори, посочувајќи дека според 98,84 отсто обработени гласови од 3.436 избирачки места, во огромно водство е кандидатот на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски. Од 816.649 гласачи кои излегле на избирачките места, односно 46,44 проценти од вкупниот број регистрирани гласачи, важечки се 787.272 ливчиња, […]

Пендаровски: Политичките одлуки кои ги донесовме влијаеја на резултатот

22 април 2019

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска на прес-конференција истакна дека од исходот на овие избори зависи во која насока државата ќе продолжи. – Многу лесно може да се случи да се вратиме назад во криза, изолација и поништување на се што постигнавме. За тоа се залага мојот политички опонент. Многу лесно може да воскресне режимот на […]

ДИК: До 17 часот гласале 35,13 отсто од гласачите со право на глас

21 април 2019

Излезноста во првиот круг на претседателските избори до 17 часот е 35,13 отсто, односно 496.774 гласачи од 70 отсто од обработените податоци, информираше портпаролката на Државна изборна комисија (ДИК), Љупка Гугучевска. „Доколку би го следеле овој тренд, доколку се обработени 100 отсто од податоците тоа би значело дека на гласање до 17 часот изглегле околу […]

И српски „Спутњик“ во кампања: „Европски аплауз за Заев како крешчендо на лицемерието“

24 октомври 2018

Руската владина новинска агенција „Спутњик њуз“ на својата верзија на српски јазик денеска објави текст  во кој го нападна македонскиот премиер Зоран Заев дека поткупувал и уценувал пратеници „за да го протурка политичкиот проект за измени на македонскиот устав“. „Македонскиот премиер Зоран Заев, сврте цел круг, од човек што стана лидер на Македонија на бранот на […]

Тезите за поткуп на пратениците пласирани и на бугарски левичарски портал

24 октомври 2018

Бугарскиот левичарски портал „Поглед“ се приклучи на редицата онлајн-медиуми што ги објавија шпекулациите за притисоци и поткуп на пратениците во македонското Собрание. Притоа статијата објавена вчера пренесува шпекулации појавени уште од пред гласањето за почеток на уставните измени во Собранието во петокот. Статијата се повикува на информативната агенција на англиски јазик „Мина“ и на Миленко […]

Увид во избирачкото право за 20 дена извршиле 21.600 граѓани

10 септември 2017

Заклучно со вчерашниот ден, 9 септември, заврши јавниот увид во избирачкиот список. Јавниот увид почна на 21 август и траеше 20 дена. Во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија увид извршија вкупно 21.594 граѓани, соопшти денеска Државната изборна комисија (ДИК). Притоа, направени се значителен број измени во избирачкиот список. „Во овој период донесени […]

Емануел Макрон победи на претседателските избори во Франција

7 мај 2017

Проевропски ориентираниот претседателски кандидат, Емануел Макрон, победи на изборите во Франција. По неговиот избор за претседател, тој изјави дека неговата победа претставува „надеж“ и „ново поглавје“ за Франција. Macron to AFP: Victory marks new chapter of 'hope' for France https://t.co/iBQnEBXoGS pic.twitter.com/vxgF1xyDuL — AFP News Agency (@AFP) May 7, 2017 Макрон освои помеѓу 65,5 и 66,1 отсто […]

Ле Пен ги сака гласовите на екстремните левичари

29 април 2017

Кандидатката за претседател на Франција, Марин ле Пен, ги повика гласачите кои во првиот круг гласаа за кандидатот на левицата, Жан-Лик Меланшон, да ја поддржат во вториот круг на изборите. Ле Пен објави видео на „Твитер“ во кое ги повика приврзаниците на Меланшон да го бојкотираат нејзиниот противкандидат, Емануел Макрон, поранешен банкар и министер, за […]

ДИК отфрли уште еден приговор на СДСМ, а за последниот ќе одлучува утре

16 декември 2016

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва едногласно го отфрли приговорот на СДСМ кој се однесуваше на постапката за утврдување на резултатите од гласањето на избирачкото место 2016, a последниот приговор на СДСМ, како што соопшти претседателот на комисијата, Александар Чичаковски, ќе биде разгледуван утре, на седница закажана за 11 часот. – Ви соопштувам дека ДИК вечерва […]

ДИК го одби приговорот на СДСМ за гласачко место 2.024, засега одбиени три приговори

16 декември 2016

Членовите на Државната изборна комисија едногласно го одбија приговорот на СДСМ за гласачкото место 2.024 во шестата изборна единица во Теарце. Со ова, одбиени се вкупно три од осум приговори на СДСМ за текот на гласањето и за постапката на утврдување и на сумирање на гласовите од предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 11 декември. […]

„Цивил“ бара пребројување на гласовите од сите изборни единици

13 декември 2016

Од граѓанската организација „Цивил“ бараат од Државната изборна комисија и од другите надлежни институции повторно и целосно да ги пребројат гласовите во сите изборни единици. Тие, исто така, бараат ревизија на неважечките гласачки ливчиња, при броењето на гласовите, бидејќи како што велат, за неважечките ливчиња се прогласувани и такви каде што јасно се гледа волјата на гласачите. Од […]

Социјалдемократите победија на изборите во Романија

12 декември 2016

Социјалдемократската партија на Романија (ПСД) победила на парламентарните избори во земјата, покажуваат резултатите објавени утрово, по преброени 99 осто од гласовите, јавува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. На изборите што вчера се одржаа во Романија, социјадемократите освоиле 46 отсто од гласовите, а Националната либерална партија на десниот центар е на второ место со повеќе […]

„Мост“: Резултатот е претесен, не можеме да го предвидиме бројот на мандатите

12 декември 2016

Поради маргината на грешка што програмата ПВТ (паралелно пребројување на гласовите) ја продуцира, од граѓанската асоцијација „Мост“ соопштија дека не се во можност да ја проектираат распределбата на мандати по изборни единици. „Ја повикуваме јавноста на трпение сè додека ДИК не ги објави првичните резултати од изборите. Внимателно ќе ја следиме работата на ДИК во наредниот […]

Обиди за поткуп на гласачи забележани во Демир Хисар и во Кочани

11 декември 2016

На 10 декември во полициската станица Демир Хисар, Д.Т. (25) од Демир Хисар, во својство на набљудувач од граѓанска асоцијација „Цивил“, пријавила поткуп при избори и гласање, кривично дело извршено истиот ден околу 17 часот во селската продавница во село Брезово. Имено, за глас даден за една политичка партија, на лицето М.С. од Демир Хисар, од страна […]

„Студентски пленум“ го прогласи референдумот за успешен

5 октомври 2016

По пребројувањето на гласовите, „Студентски пленум“ вечерва го прогласи за успешен првиот референдум на кој студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се изјаснија какво студентско организирање сакаат. На референдумот, како што соопштија од „Студентски пленум“, кој беше организатор, гласале вкупно 2.767 студенти. Од нив 2.615 студенти гласале „не“ за Студентскиот парламент при Унивезитетот „Св. […]

Неуспехот на референдумот непријатен за Орбан, но не е пораз

3 октомври 2016

Неуспехот на референдумот за мигрантски квоти во Унгарија претставува удар за Виктор Орбан, оценуваат светските агенции, додека дел од аналитичарите велат дека е „непријатно, но не претставува катастрофален пораз“ за унгарскиот премиер. Опозицијата веднаш го повикаа Орбан да поднесе оставка, а групите за човекови права го обвинија дека ги распламтува стравувањата од мигрантите. Врз основа на […]

Хилари Клинтон на чекор до кадидатура за претседател на САД

7 јуни 2016

Хилари Клинтон ќе биде првата жена кандидат за претседател на Соединетите Американски Држави на Демократската партија. Според наводите на „Си-ен-ен“, Клинтон ја освои претседателската номинација на Демократската партија. По одличните резултатите во Порторико во неделата и поддршката на суперделегатите, Клинтон беше на добар пат да ја освои номинацијата. Таа обезбеди 1.812 гласови на делегатите и 572 гласови […]

Страна 1 од 2