fbpx

Колумбискиот претседател и ФАРК потпишаа нов мировен договор

-

Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос, и бунтовниците од Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) денеска во Богота потпишаа нов мировен договор за ставање крај на пвеќедецениските борби, откако претходниот беше отфрлен на референдум, јавуваат светските агенции.

Граѓаните на Колумбија, минатиот месец, со минимално мнозинство на референдум го отфрлија првиот мировен договор.

Неодамна колумбискиот претседател, кој годинава ја доби Нобеловата награда за мир, изјави дека Колумбија и покрај референдумското изјаснување, сепак работи на постигнување мировен договор.

Во повеќедецениските судири во Колумбија загинаа повеќе од 220.000 лица, милиони ги напуштија своите домови, а 45.000 се водат како исчезнати.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...