fbpx
Таг: Претседател

таг: Претседател

Иванов: Прашањето за поканата на Македонија во НАТО од политичко, стана безбедносно

Прашањето за поканата на Македонија во НАТО беше политичко, но сега веќе станува безбедносно прашање, рече претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, на отворањето на Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите-членки на Јадранската повелба и на САД, во Охрид. Иванов потсети дека Јадранската повелба беше потпишана пред 12 години. Само пет години подоцна, на Самитот на НАТО...

Величковски: АРМ овозможува брз транзит на мигрантите низ Македонија

Во Охрид денеска и утре се одржува 19. Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите-членки на Јадранската повелба и на САД. Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, Методија Величковски, на отворањето рече дека целта е да се согледаат и да се утврдат здружените напори во постигнување на партнерските цели на НАТО и способностите на силите. – Темите...

Иванов на бизнис-форум во Подгорица

Претседателот Ѓорге Иванов, во рамки на официјалната посета на Црна Гора, денеска во Подгорица, заедно со својот домаќин, црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, ќе се обрати на отворањето на бизнис-форум на кој ќе учествуваат претставници на околу 45 компании од двете земји. Целта на форумот е да се претстават можностите за инвестирање во Македонија и за зајакнување на економската соработка, која...

Иванов го потпиша указот на Законот за специјален обвинител

Претседателот Ѓорге Иванов вечерва го потпишал указот на Законот за специјален јавен обвинител. „Во согласност со процедурата, законот е потпишан од претседателот Иванов и е предаден во Собранието“, соопштија од кабинетот на Иванов. Неофицијално се дознава дека законот со владиниот авион бил однесен во Подгорица, Црна Гора, каде во дводневна посета се наоѓа Иванов и со истиот авион е вратен назад.

Иванов во дводневна посета на Црна Гора

Претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, од денеска е во дводневна официјална посета на Црна Гора. Тој ќе оствари средби со претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, со претседателот на Собранието, Ранко Кривокапиќ, и со премиерот Мило Ѓукановиќ. Иванов утре ќе учествува на бизнис-форум за презентација на инвестициските можности во Македонија и за зајакнување на економската соработка меѓу двете земји.

Иванов на Форум на млади лидери во Полска

На Форумот на млади лидери, кој се одржува во Нови Саџ, Полска, на сесијата „Лидери на утрешнината - Какви лидери ѝ се потребни на Европа во 21 век“, денеска ќе учествува претседателот Ѓорге Иванов. Во рамки на дводневната работна посета на Полска, Иванов вчера имаше билатерална средба со полскиот колега Анджеј Дуда, на која стана збор за билатералните односи меѓу двете...

Иванов со честитка за 8 Септември

Претседателот Ѓорѓе Иванов, по повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, упати честитка до граѓаните на Република Македонија. „На 8 Септември 1991 година го остваривме вековниот стремеж за слободна и независна македонска држава. Гласајќи за независноста и за сувереноста на Република Македонија, им се оддолживме на нашите храбри предци и се обврзавме кон нашите потомци. Слободата и независноста не...

ЛП: Битола не смее да биде оставена на (не)милост на власта

Либералната партија (ЛП) вчера формирала иницијативен одбор на партијата, кој веднаш почнал да работи на собранието на општинската организација во Битола. За претседател на одборот е избран Васко Стојковски, информираат од партијата преку писмено соопштение, насловено „Битола не смее да биде оставена на (не)милост од централната и локалната власт“. „Во овој период ќе ја комплетираме партиската инфраструктура во градовите за...

Судот во Гватемала нареди апсење на претседателот

Да се уапси претседателот Ото Перез, поради сомнежи за корупција, нареди судот во Гватемала. Во вторникот парламентот го укина неговиот имунитет по повеќемесечната криза што ја погоди земјата поради обвинувањата за корупција против 64-годишниот пензиониран генерал, кој во 2012 година беше избран за претседател токму поради најавите за борба против криминалот и корупцијата. Главната обвинителка на Гватемала, Телма Алдана, синоќа преку „Твитер“ објави дека...

Азербејџанска новинарка осудена на седум години затвор

Азербејџанската новинарка Кадија Исмајилова е осудена од властите во земјата на затворска казна од седум и пол години за проневера на пари и за затајување данок, јавуваат светските медиуми. Како што пренесува „Би-Би-Си“, реномираната истражувачка новинарка работела на сторија за бизнисите и за сметките во офшор-банки, наводно поврзани со семејството на претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев. Организациите за човекови права...

Стотици илјади граѓани на протест во Малезија

На протест во Малезија денеска излегоа стотици илјади граѓани. Околу 200 илјади луѓе се собраа наплоштадот во Куала Лумпур и илјадници во другите градови на Малезија барајќи оставка на премиерот Наџиб Разак. Протестот е обезбедуван со полициски кордони, и минува во мирна атмосфера. Организаторите на протестот кој трае веќе втор ден, најавија дека ќе заврши вечерва на полноќ кога почнува...

Иванов: Македонија се соочува со закани

Претседателот, Ѓорге Иванов вчера се сретна со шефовите на дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство, во рамки на амбасадорскиот совет што се одржува во Министерството за надворешни работи. На средбата се разговарало за работата и активноста на македонската дипломатија, приоритетите поврзани со интеграцијата на земјата во Европската унија и НАТО, добрососедските односи и  регионалната соработка. Во фокусот на средбата со шефовите...

Лидија Ивановска е нов претседател на Вишиот управен суд

Судскиот совет избра нов претседтел на Вишиот управен суд во Скопје. Тоа е Лидија Ивановска, досегашна судијка на Управниот суд, која доаѓа на местото на Розалија Кочковска која го водеше судот во периодот јули 2011 - јули 2015 година, пишува „Нова тв“. Лидија Ивановска има 55 години, работела како стручен сооработник во Окружниот и во Врховниот суд, а за прв...

Армијата прослави 23 години од основањето

Македонија треба што поскоро да го добие заслуженото членство во НАТО, затоа што блокадата се одразува на ефикасноста со која функционира системот на одбрана. Се соочуваме со закани за што е потребна поинаква комуникација и соработка меѓу службите. Ова денеска, на централната свеченост по повод Денот на АРМ, го изјави претседателот Ѓорге Иванов. Тој рече дека со новата Стратегија за...

Иванов: Човек што не носи одлуки е склон да робува

Сите сакаме да бидеме во Европа и да бидеме Eвропјани. Оваа школа е влог во таа европеизација на Македонија, и доколку поради познатите блокади не можеме да бидеме дел од ЕУ, барем младите да ги направиме Европјани во Македонија, рече претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето пред учесниците на „Школата за млади лидери“ која денеска започнува во Охрид. - Моментот на...

Египет воведе строги закони за борба против тероризмот

Египетскиот претседател, Абдул Фатах ал-Сиси ги одобрил новите строги антитерористички закони, поради зголемените закани од џихадистички напади во земјата, јавуваат светските медиуми. Новите закони предвидуваат воведување на специјални судови и дополнителна правна заштита за војската и полицијата при употреба на сила. Исто така, се воведува и смртна каза за секој што ќе биде прогласен за виновен поради организирање и водење...

Владата ќе го разреши Каргов од претседателската функција на Инспекцискиот совет

Владата објави оглас за именување претседател на Инспекцискиот совет, функција што во моментов ја извршува Ванчо Каргов, кој на ова место дојде од директор на Царинската управа на Македонија. Претседателот на Инспекцискиот совет го избира и разрешува Владата, со мандат од три години, со право на повторен избор. Каргов на оваа функција дојде во јануари минатата година. Огласот за вработување ќе трае...

Иванов: Се однесувавме неодговорно, Македонија е одново пред пресвртница

„Иако слободна, Македонија како сè уште да им робува на поделбите, иако независна и суверена, решенијата за внатрешните прашања сè уште ги бара надвор од неа и иако е обединета во етничката и во верската различност, сè уште е политички длабоко поделена“, рече претседателот на државата, Ѓорге Иванов, во своето обраќање од Мечкин Камен, во Крушево, по повод 2...

Иванов упати писмо со сочувство по повод смртта на Џон Битов

Писмо со сочувство до Џон И. Битов помладиот, упати претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод смртта на канадскиот стопанственик со македонско потекло Џон Битов. Иванов наведува дека со длабоко жалење ја примил веста за смртта на неговиот татко. „Џон Битов беше голем македонски родољуб и филантроп, кој ја сакаше Македонија и со зборови и со дела. Тој даде пример за...

Мишел Платини ја потврди кандидатурата за претседател на ФИФА

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, денеска потврди дека ќе се кандидира за наследник на досегашниот шеф на светската фудбалска организација (ФИФА), Сеп Блатер, на изборите закажани за 26 февруари следната година, јавуваат светските медиуми. Платини денеска изјавил дека „ФИФА треба да сврти нов лист“ по обвинувањата за корупција во нејзините редови. Кандидатурата на актуелниот претседател на УЕФА, наиде на жестоки критики...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...