fbpx

Иванов на Форум на млади лидери во Полска

-

На Форумот на млади лидери, кој се одржува во Нови Саџ, Полска, на сесијата „Лидери на утрешнината – Какви лидери ѝ се потребни на Европа во 21 век“, денеска ќе учествува претседателот Ѓорге Иванов.

Во рамки на дводневната работна посета на Полска, Иванов вчера имаше билатерална средба со полскиот колега Анджеј Дуда, на која стана збор за билатералните односи меѓу двете земји, за соработката во сферата на одбраната и на безбедноста, за економската и за образовната соработка, како и за претстојниот Самит на НАТО во 2016 година во Полска, во контекст на можностите за деблокирање на членството на Македонија, како и за состојбите во ЈИЕ и мигрантската криза.

По повод Денот на независноста на Република Македонија, синоќа во Круница Здруј беше организирана македонска вечер, на која беа презентирани можностите за инвестирање во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...