fbpx

Армијата прослави 23 години од основањето

-

Македонија треба што поскоро да го добие заслуженото членство во НАТО, затоа што блокадата се одразува на ефикасноста со која функционира системот на одбрана. Се соочуваме со закани за што е потребна поинаква комуникација и соработка меѓу службите. Ова денеска, на централната свеченост по повод Денот на АРМ, го изјави претседателот Ѓорге Иванов. Тој рече дека со новата Стратегија за одбрана ќе има обврски за градење на институциите за соочување со закани.

Иванов посочи дека иако одамна Македонија  ги исполни сите критериуми за членство во НАТО, предолго чека за да го заземе местото кое и припаѓа.

– Македонија е подготвена за членство во НАТО. Дали НАТО е подготвено за членството на Македонија останува да се види на Самитот во Варшава. Ја користам оваа прилика да го повикам нашиот јужен сосед да се усогласи со пресудата на меѓународниот суд на правдата. Ги повикувам нашите партнери да ја потврдат нивната поврзаност кон меѓународното право. Но, исто така, да го одбранат колективниот интерес на Алијансата и интересот на нашиот регион за поголема безбедност и стабилност. Македонија треба што поскоро да го добие заслуженото членство во НАТО. До тогаш, мора да бидеме подготвени – истакна претседателот Иванов.

Тој додаде дека  Армијата е синоним за дисциплина, одговорност и патриотизам.

Иванов смета дека Армијата мора да има проектиран зголемен буџет и треба постојано да се надградува и модернизира.

На свеченоста присуствуваа претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, министри и претставници од дипломатскиот кор.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...