fbpx

Иванов: Човек што не носи одлуки е склон да робува

-

Сите сакаме да бидеме во Европа и да бидеме Eвропјани. Оваа школа е влог во таа европеизација на Македонија, и доколку поради познатите блокади не можеме да бидеме дел од ЕУ, барем младите да ги направиме Европјани во Македонија, рече претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето пред учесниците на „Школата за млади лидери“ која денеска започнува во Охрид.

– Моментот на одлука е она што ве прави да сте свои. Носењето одлука е она што влијае врз другите да го почитуваат она што сте го направиле. Човек што не носи одлуки е склон да робува, да се покорува, а оној што носи вистински одлуки е учител, оној што го следат – изјави претседателот  Иванов.

Пред учесниците се обратија и поранешниот претседател на Бугарија, Петар Стојанов, како и поранешниот шеф на италијанската дипломатија и еврокомесар за правда, Франко Фратини.

Вкупно 44 учесници и околу 20 предавачи од Македонија, Европа, САД, Израел и Мароко се дел од Школата за млади лидери која ќе трае до 28 август.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...