Државјанин на Косово го загубил животот во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на улицата Лазо Трповски во скопската населба Чаир, соопшти полицијата.

Како што информираат оттаму, сообраќајката се случила околу 16.10 часот, кога автомобил, марка „опел вектра“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Ф.(55) удрил во косовскиот државјанин Ариан Р. кој се движел пеш.

Ариан Р. со тешки телесни повреди веднаш бил пренесен во Ургентниот центар, каде и покрај настојувањата на лекарите починал во 21.10 часот.

Екипа на Секторот за внатрешни работи Скопје извршила увид на местото на несреќата.