Мишел Платини ја потврди кандидатурата за претседател на ФИФА

-

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, денеска потврди дека ќе се кандидира за наследник на досегашниот шеф на светската фудбалска организација (ФИФА), Сеп Блатер, на изборите закажани за 26 февруари следната година, јавуваат светските медиуми.

Платини денеска изјавил дека „ФИФА треба да сврти нов лист“ по обвинувањата за корупција во нејзините редови.

Кандидатурата на актуелниот претседател на УЕФА, наиде на жестоки критики од двајцата потенцијални ривали за претседателската функција во ФИФА, принцот Али бин ал-Хусеин и Муса Билити, кои тврдат дека Платини е лош избор за шеф на ФИФА.

Досегашниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер, на изборите на 29 мај годинава, го доби петтиот мандат да ја води организацијата, но по четири дена си поднесе оставка поради истрагите за корупција во ФИФА, што ги почнаа Федералното истражно биро на САД (ФБИ) и швајцарските истражни органи.

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со поддршка од...

Деветмина загинаа во руски напад врз цивилен автобус во северна Украина

Девет лица денеска загинаа во напад на рускo беспилотно летало врз минибус со цивили во северниот украински регион Суми, соопшти локалната воена администрација, неколку часа откако Киев и Москва ги одржаа...

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Отворен дневен центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик

Граѓанската организација Новинари за човекови права на 15 мај 2025 година го отвори дневниот центар „Гнездо“ за деца и семејства во социјален ризик. Дневниот центар „Гнездо“ е основан со...