fbpx

ЛП: Битола не смее да биде оставена на (не)милост на власта

-

Либералната партија (ЛП) вчера формирала иницијативен одбор на партијата, кој веднаш почнал да работи на собранието на општинската организација во Битола. За претседател на одборот е избран Васко Стојковски, информираат од партијата преку писмено соопштение, насловено „Битола не смее да биде оставена на (не)милост од централната и локалната власт“.

„Во овој период ќе ја комплетираме партиската инфраструктура во градовите за новото темпо на активности на Либералната партија. Наша определба е економијата на прво место, подобро образование, правда за сите и еднаков пристап до можностите за сите граѓани и бизниси“, вели генералниот секретар на ЛП, Горан Николовски.

На вчерашниот состанок, како што соопштуваат од ЛП, било разговарано за состојбите со бизнисот, образованието, здравејто и со животната средина, туризмот и спортот и пограничната соработка во Битола, кои од партијата ги оцениле како загрижувачко лоши.

„Генерално, епилогот е неквалитен живот, а најперспективните млади ја напуштаат Битола и заминуваат во странство. Сите овие проблеми и потреби Либералната партија ги става во агенда на дејствување и ќе ги обработува посебно, тема по тема. Ова се дел од приоритетите на Либералната партија за изборите во 2016 година“, стои во соопштението на Либералната партија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...