fbpx

Величковски: АРМ овозможува брз транзит на мигрантите низ Македонија

-

Во Охрид денеска и утре се одржува 19. Конференција на началниците на генералштабовите на армиите од земјите-членки на Јадранската повелба и на САД.

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, Методија Величковски, на отворањето рече дека целта е да се согледаат и да се утврдат здружените напори во постигнување на партнерските цели на НАТО и способностите на силите.

– Темите се како да се продлабочи соработката, со оглед на тоа што армиите кои се учеснички на Јадранската повелба се мали армии, со, условно да кажеме, ограничени реурси. Сакаме на овој начин да се промовира НАТО-концептот кој ние го застапуваме или таканаречена „паметна одбрана“, во која секоја држава ќе развива одредени капацитети и заеднички би биле организирани во мисии надвор од државата и од нашиот регион – рече Величковски.

Величковски додаде дека прашањето на миграцијата во официјалниот дел на агендата не е застапено, но, како што рече, нема да биде исклучено доколку на маргините на билатералните средби падне дискусија за сето тоа, имајќи предвид дека таа е особено актуелна во регионот. Македонската армија е постојано на припомош на граничната полиција и помага во побрз транзит на мигрантите низ нашата земја.

– Во согласност со одлуката на врховниот командант, АРМ распореди дел од своите единици, механизирано-пешадиски, инженериски, за АБХ-логостика, за да бидат на испомош на граничната полиција на Министерството за внатрешни работи за да се канализира протокот на мигрантите и да се овозможи побрз транзит низ Република Македонија. За овој период колку што сме ангажирани, добиваме позитивни сигнали. Колегите од МВР се задоволни од нашата работа, а, впрочем, тоа и се гледа затоа што овозможуваме брз транзит на мигрантите низ Република Македонија- прецизираше Величковски.

Командантот на Сојузничката команда на НАТО во Неапол и претставник на САД, адмирал Марк Фергусон, во обраќањето пред учесниците на конференцијата, меѓу другото, истакна дека иницијативата уредува партнерски односи меѓу армиите на државите потписнички, интегиран пристап во справувањето со безбедосните закани и предизвици.

– Мораме да останеме фокусирани на остварувањето на целите на Повелбата и на колективната безбедност, како и придобивките што произлегуваат од неа. Истовремено преку заедничките ресурси, како знаењата и искуствата, да најдеме практични, одржливи начини за остварувањето на целите што произлегуваат од партнерските односи во НАТО-членство за кандидатите, како и дополнително оспособување на армиите на државите што се веќе дел од Алијансата, процес во кој доволно сме напреднале за да дозволиме негов застој – истакна Фергусон.

Договорот за формирање на САД – Јадранската повелба, официјално е потпишан во 2003 година, со кој покрај САД како покровител, Македонија, Албанија и Хрватска се обврзаа низ институционална рамка да ја развиваат регионалната соработка во областа на одбраната. Во 2008 година, на оваа иницијатива се приклучија Босна и Херцеговина и Црна Гора, а средбите во формат на началници на генералштабови на армиите се одржуваат еднаш годишно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...