fbpx
Таг: Претседател

таг: Претседател

Претседателот на „Тошиба“ си поднел оставка поради финансиски скандал

Извршниот директор и претседател на јапонскиот технолошки гигант „Тошиба“, Хисао Танака, си поднел оставка на својата позиција откако компанијата соопшти дека во изминатите шест години биле давани неточни податоци, односно биле преувеличувани профитите на фирмата, јавува „Би-Би-Си“. Вчера од „Тошиба“ соопштија дека фирмата ги преувеличила своите оперативни профити за вкупно 151,8 милијарди јени, односно околу 1,22 милијарди американски долари. „Беше констатирано...

Претседателот Иванов ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, денеска ќе го додели признанието „Повелба на Република Македонија“ на пет македонски организации од дијаспората во Република Франција, Кралството Шведска, Австралија и во Канада. Како што соопштуваат од кабинетот на претседателот, признанието ќе биде доделено на: Француско-македонската асоцијација „Блаже Конески“ од Мант ла Жоли, во Република Франција; Културното и спортско друштво „Песпа - Бирлик“ од...

Шефот на УЕФА, Платини, добил понуда да се кандидира за претседател на ФИФА

Претседателот на УЕФА, Мишел Платини, бил замолен од мнозинството шефови на светските фудбалски организации да се кандидира за нов претседател на Светската фубдалска организација ФИФА, јавува Радиото 5 на „Би-Би-Си“. Според информациите, на Платини му била гарантирана поддршката од неговата конфедерација, од Азиската, Јужна Америка и од Северна и Централна Америка и Карибите. Сега, како што јавува „Би-Би-Си“, само му останува...

Јерун Дајселблум реизбран за претседател на Еврогрупата

Министерот за финансии на Холандија, Јерун Дејселблум, повторно е избран за претседател на Еврогрупата. Тој својот втор мандат го освои откако го победи шпанскиот колега Луис де Гиндос. Дејселблум на својот твитер-профил напиша: „Им се заблагодарувам на моите колеги за нивната поддршка и соработка и со нетрпение го очекувам мојот втор мандат како претседател на Еврогрупата.“ I thank my colleagues for...

Иванов се сретна со хрватската претседателка Грабар-Китаровиќ

Хрватска целосно ја поддржува Македонија на евроатланскиот пат, а поради спорот за името, земјата не може бескрајно да биде задржана на тој пат, порачала хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ по средбата со претседателот Ѓорге Иванов денеска во Загреб. „Ние од Хрватска го поддржуваме членството на нашите соседи во ЕУ и во НАТО затоа што тоа е услов за траен мир, стабилност и за...

Општина Струмица ја одбележа 59-годишнината од раѓањето на Борис Трајковски

59-годишнина од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, одбележа денеска Општина Струмица. Одбележувањето се одржа пред споменикот „Македонија“ во големиот градски парк, пред кој претставници на Општина Струмица, јавните институции, политичките партии, здруженија и граѓани положија свежо цвеќе. Пред споменикот беа прочитани и првонаградените творби по распишаниот литературен конкурс на тема „И по 11 години спомените за...

Претседател на ловечко друштво осомничен за злоупотреба

Радовишката полиција поднела кривична пријава против С.М. (59), претседател на Ловечко-риболовното друштво „Студенец“, осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување, и против уште три лица од селото Конче, кои се товарат за употреба на исправа за невистинита содржина. Како што информираат од полицијата, во периодот од 15 октомври минатата година до 1 јануари годинава, тројцата жители на Конче биле фатени во...

НДМ: Академиците да напишат стратегија, за апели го имаме претседателот Иванов

Народно движење за Македонија реагира на вчерашната изјава на Владо Камбовски, претседател на Македонската академија на науките и на уметностите, дека улогата на Академијата ја гледа во тоа таа да создава клима на толеранција и дека на општеството му бил потребен квалитетен скок напред. „За НДМ таквите совети на МАНУ се слаби без да се каже како да се направи...

Новиот претседател на Нигерија: Државната каса е празна

Државна каса на Нигерија е речиси празна, изјавил на прес-конференција новиот претседател на африканската држава, Мухамаду Бухари, посочувајќи дека неговата влада наследила милиони долари долг од претходната администрација. „Тоa e голем срам за Нигерија“, рекол Бухари. Претседателот и неговата партија, Конгресот на прогресивците, ги добија изборите во март оваа година, со што му ставија крај 16-годишното владеење на Народно-демократската партија во...

Иванов откажал интервју за телевизијата „Еуроњуз“

Интервјуто требаше да се реализира викендов во Братислава, каде што претседателот Иванов ќе учествува на безбедносната конференција ГЛОБСЕК. Во писмото што кабинетот го испратило до „Еуроњуз“, истакнато е дека употребата на кратенката ПЈРМ е неприфатлива кога се работи за именувањето на Македонија. „Ве известуваме дека македонскиот претседател Иванов го откажува закажаното интервју за Вашиот медиум. Крајно неприфатлива е Вашата употреба на кратенката ФИРОМ...

Иванов нема да ги седне лидерите на политичките партии на заедничка маса

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, нема да посредува во преговорите помеѓу лидерите во политичкиот процес за излез од кризата, како што деновиве шпекулираат медиумите, дознава „Мета“. Според информациите од кабинетот на претседателот, досега нема најава за таква иницијатива. По пропаѓањето на преговорите во Брисел, сè погласно се зборува дека тие ќе продолжат, но нема најави за форматот на преговорите и за тоа...

Ирена Ристиќ: Зошто сум неподобна да бидам претседател на синдикатот на Драмски?

Актерката Ирена Ристиќ, која вчера беше прогласена за неподобна да биде претседателка на синдикалната организација на Драмскиот театар, денеска во 13 часот до СОНК ќе поднесе барање да ѝ се достави записник од седниците на кои била избрана за претседател на синдикатот, како и од таа седница на која се решавало да се поништи нејзиниот избор. Бара и примерок...

Почна пријавувањето за Школата за млади лидери во Охрид

Од денеска, заинтересираните кандидати од земјата и од светот можат да се пријавуваат на конкурсот за учество на Меѓународната школа за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 16 до 28 август во Охрид. Годинава школата ќе биде под мотото „Инспирирање и развој на исклучителни млади лидери“. Програмата е наменета за...

Иванов: Политичките лидери да се однесуваат разумно и одговорно

„Ја поздравувам покажаната свест и волја од политичките лидери за надминување на отворените прашања. За поздравување е фактот што изминатиот период лидерите на политичките партии меѓусебно разговараат и бараат начини за надминување на актуелната политичка состојба во Република Македонија“, се наведува во соопштението на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, по вчерашните преговори во Скопје помеѓу лидерите на политичките партии. „Постои...

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер поднесе оставка

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, поднесе оставка од функцијата. Тој веста ја соопшти за време на прес-конференција во Цирих, Швајцарија. Блатер пред четири дена на гласањето на конгресот на ФИФА беше реизбран на позицијата и го освои петтиот мандант по ред. Два дена пред изборите за нов претседател на фудбалската асоцијација, седум високи функционери на ФИФА беа уапсени во Цирих под сомневање...

Анджеј Дуда е новиот претседател на Полска

Кандидатот на десничарската партија Право и правда, конзервативецот Анджеј Дуда, со 53 отсто од гласовите во вториот круг на претседателските избори во Полска го победи досегашниот претседател Бронислав Коморовски. Дуда го победи Коморовски во првиот круг со 34,76 проценти наспроти 33,77 отсто од гласовите, но не успеа да ги усвои потребните 50 отсто плус еден глас. Коморовски стана претседател пред пет...

Од Кабинетот на Иванов реагираат: Заев не смее да изнесува информации од Советот за безбедност

Од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов, реагираат на, како што велат, изнесувањето информации од страна на Зоран Заев за седницата на Советот за безбедност што се одржа во неделата, јавува „Телма“ . Во реакцијата се вели дека Зоран Заев, како претседател на политичката партија СДСМ, бил повикан од претседателот Ѓорге Иванов да присуствува на седницата на Советот за безбедност, за да биде...

Уште двајца кандидати за републиканска номинација за изборите во САД

Двајцата кандидати, Карли Фиорина и Бен Карсон, кои имаат мали шанси да учествуваат во завршницата на американските претседателски избори во 2016 година, ја објавија својата кандидатура за номинација на Републиканската партија. Поранешната директорка на компанијата „Хјулит-Пакард“, Фиорина, е единствената жена што побарала републиканска номинација, додека неврохирургот Карсон најверојатно ќе биде единствениот кандидат Афроамериканец помеѓу републиканците. На овие двајца кандидати не им се...

Со 528 гласови, Груевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, го доби четвртиот мандат и во наредните четири години ќе биде на чело на партијата, по денешното гласање на делегатите на 15. Конгрес, кој се одржува во Куманово. Како што информира претседателот на Комисијата за спроведување на избор за претседател на партијата, Илија Димовски, од вкупно 560 делегати, гласале 529, од кои 528 гласале „за“, а...

Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, ќе се реизбира претседател на партијата

Денеска и утре владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Куманово ќе го одржи 15. Конгрес на кој ќе се избира носителот на највисоката партиска функција, за која единствен кандидат е актулениот лидер, Никола Груевски. На Конгресот се очекува да учествуваат 560 делегати, избрани по различни основи, кои ќе гласаат за претседател на партијата. Гласањето е тајно и треба да гласаат сите присутни делегати, без...

Појавата на болести сѐ поголема закана за жителите на Газа

Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци, UNRWA денеска соопшти дека заканата од појава на болести во Газа станува сѐ поголема, бидејќи температурите почнуваат да растат. „Нашиот страв е...