fbpx

Судот во Гватемала нареди апсење на претседателот

-

Да се уапси претседателот Ото Перез, поради сомнежи за корупција, нареди судот во Гватемала.

Во вторникот парламентот го укина неговиот имунитет по повеќемесечната криза што ја погоди земјата поради обвинувањата за корупција против 64-годишниот пензиониран генерал, кој во 2012 година беше избран за претседател токму поради најавите за борба против криминалот и корупцијата.

Главната обвинителка на Гватемала, Телма Алдана, синоќа преку „Твитер“ објави дека побарала налог за апсење на Перез заради обвинувањата за противзаконско здружување, земање мито и царински малверзации.

Адвокатите на Перез рекоа дека тој ќе се појави на суд денеска, во 8 часот наутро по локално време.

Перез, кој по уставот на земјата не може повторно да се кандидира, би требало да остане на функцијата до јануари. Тој негираше дека сторил какво било кривично дело.

Тој е осомничен дека управувал со системот за корупција во рамки на царината, со чија помош вработени примале мито за да изземат од царина некои увозни производи.

Поранешната потпретседателка Роксана Балдети веќе е во притвор во рамки на таа афера.

Кон средината на август претходното барање за укинување на неговиот имунитет пропадна поради недоволен број гласови. Но, соочени со сè поголемиот гнев на народот, пратениците што претходно гласаа против, овојпат ја поддржаа процедурата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гете-медалот оди во Северна Македонија, во рацете на Искра Гешоска

Од 1955 година Гете-институт, еднаш годишно го доделува Гете-медалот како официјално почесно одликување на Сојузна Република Германија и е најважната награда на надворешната културна политика. Кандидатите/кандидатките се номинирани од...