fbpx
Таг: предвремени парламентарни избори

таг: предвремени парламентарни избори

Брисел: Партиите да најдат начини да се зачува Договорот од Пржино

Денешната одлука на претседателот Ѓорге Иванов да ги сопре судските процеси против политичарите ја става под знак прашање посветеноста на Македонија кон промовирањето на владеењето на правото, порача вечерва Европската комисија. „Поранешната југословенска република Македонија се обврза да го промовира владеењето на правото и да се бори против незаконитоста. Наспроти тоа, денешната одлука на претседателот Иванов да помилува неколку политичари...

Вучиќ: Нема да коалицирам со тие што не ѝ мислат добро на Србија и по цена да ги загубам изборите

Српскиот премиер и претседател на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, денеска изјави дека е на прагот да ги загуби изборите, односно други да формираат влада без листа околу СНС, но остана на ставот дека немало да прави компромиси со тие што, како што рече, сакале да ја вратат Србија во минатото. Тој истакна дека според последните податоци што ги видел синоќа, се...

Бејли и Орав: На 6 април се пропушти можност за подготовка на веродостојни избори

Македонските политичките лидери имаат одговорност пред своите граѓани да ја вратат земјата на евроатлантскиот пат преку спроведување на нивните политички договори и на реформските приоритети, порачаa американскиот амбасадор Џес Бејли и евроамбасадорот Аиво Орав. „ЕУ и САД ги поддржуваат сите партии и другите учесници во процесот во нивната работа за создавање услови за веродостојни избори. Ова подразбира прочистување на избирачкиот список,...

Могерини: Партиите во следните клучни недели да го спроведат Договорот од Пржино

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, ги повика политичките партии во Македонија да создадат услови за веродостојни избори. „По последните случувања во Македонија, особено во однос на подготовката за предвремените парламентарни избори во јуни, денеска попладне разговарав со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во разговорот, кој следуваше по неколкуте контакти со комесарот Јоханес Хан и со делегацијата на ЕУ во Скопје,...

Вајгл за „Мета“: Бојкотот на СДСМ може да биде сериозен удар за европската иднина на Македонија

Одлуката на водечката македонска опозициска партија СДСМ да не учествува на предвремените парламентарни избори на 5 јуни може да претставува сериозен удар не само за процесот на демократизација на земјата, туку и за нејзината стабилност и за нејзината европска иднина во целост, изјави за „Мета“, европратеникот и специјален известувач за Македонија, Иво Вајгл. - Обвиненијата за неправилности, недостигот од транспарентот и...

Брисел: Има уште многу работа за веродостојни избори

Има прогрес во подготовките за изборите, но има уште многу работа, оцени денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. - Одблизу го следиме развојот на настаните во Македонија. Што се однесува на подготовките за изборите што треба да се одржат за два месеци, направен е прогрес, но има уште работа што треба да се заврши за да се обезбедат веродостојни извори и да...

Ховит за „Мета“: Квалитетот на изборите е поврзан и со датумот на нивното одржување

Датумот на одржувањето изборите и демократскиот квалитет на изборниот процес не можат да се разгледуваат одделно, изјави денеска за „Мета“, европратеникот Ричард Ховит, еден од посредниците во склучувањето на Договорот од Пржино. Изјавата на Ховит доаѓа по одлуката на Собранието да се распушти и на опозицијата да не учествува на изборите затоа што не се создадени услови за веродостојни избори. Ховит повтори дека за време...

„Цивил“ бара одложување на изборите до септември

Неколку десетици граѓани, организирани од Центарот за слобода „Цивил“, денеска пред Собранието побараа изборите да се одложат и да се закажат најрано во септември. Според невладината организација, во Македонија сè уште нема услови за фер и веродостојни избори. - Се собравме тука денеска да кажеме дека бараме слободни избори, а не избори со фантоми, злоупотреба на администрацијата, злоупотреба на нашите пари...

Од избирачкиот список ќе бидат избришани околу 4.000 починати лица

Теренската проверка на околу 90.000 спорни гласачи е завршена во 90 отсто од случаите, а за податоците и за бројките, Државната изборна комисија ќе извести по паузата, која пред малку ја даде претседателот Александар Чичаковски. Во првиот дел од седницата беше презентиран извештајот за податоците од вкрстената проверка на избирачкиот список. ДИК побарала од избирачкиот список да се избришат околу...

Здружената опозиција очекува реална оцена од ДИК

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска се сретнал со партнерите од здружената опозиција. „СДСМ и коалициските партнери едногласно заклучија дека се подготвени за избори во секој момент на кои, постои цврста убеденост дека промени ќе се случат, но дека обврска на сите институции и политички субјекти е...

Даниелсон: Има уште многу работа за спроведување веродостојни избори

Останува уште многу работа што треба да се заврши за да се обезбедат услови за фер и демократски избори, изјави денеска во Скопје директорот на Директоратот за проширување во Европската комисија, Кристијан Даниелсон, по средбата со лидерите на четирите најголеми политички партии и со премиерот Емил Димитриев. Даниелсон ги повика партиите и државните институции заедно да работат за да осигураат веродостојни...

ДИК утре ја почнува теренската проверка на спорните гласачи

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Чичаковски денеска соопшти дека теренската проверка на спорните гласачи ќе почне утре и додаде дека материјалите за анкетирање се доставени до подрачните одделенија на Комисијата. - Во финална фаза сме на подготовка на теренските проверки. Од утринава се доставени сите материјали до подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Вработените во подрачните одделенија, со помош...

Алтхаузер за „РСЕ“: Квалитетот на изборите е побитен од датумот

Германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер изјави дека квалитетот на изборите е побитен од датумот. Таа во интервјуто за „Радио Слободна Европа“ (РСЕ) оцени дека времето до изборите е кратко и оти остануваат уште многу работа има да се заврши. - Квалитетот на изборите е круцијален, тоа е клучно, тоа можам да го повторам. Нашиот фокус ќе остана на важните...

ДИК ја одложи теренската проверка на спорните гласачи

Државната изборна комисија денеска го одложи почетокот на теренската проверка на Избирачкиот список, бидејќи целата процедура не била целосно завршена. Засега не се открива за кога е одложен почетокот на проверката. Според најавите ДИК од денеска па до 3 април требаше да врши теренска проверка на 89.383 гласачи, кои по вкрстената проверка од 10 државни институции се покажаа како спорни. Комисијата...

Новинарските здруженија бараат спроведување на медиумските реформи пред изборите во јуни

Претставници на пет новинарски и медиумски организации, Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска се сретнаа со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и побараа објаснување зошто пропаднаа разговорите за медиумите. Како што се наведува...

Заев: Нема кредибилни избори без реформа во медиумите

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претставникот на преговарачкиот тим на СДСМ, Роберт Поповски, денеска се сретна со претставници на Здружението на новинари на Македонија, Институтот за комуникациски студии и Високата школа за новинарство, Независниот синдикат на новинари, Советот за етика и на Македонскиот институт за медиуми. На средбата, како што соопштија од СДСМ, било разговарано за неопходните реформи...

МВР ќе формира девет работни групи кои ќе ѝ асистираат на ДИК

Една работна група на државно и осум работни групи на локално ниво ќе формира Министерството за внатрешни работи (МВР), кои ќе одговараат на барањата на Државната изборна комисија (ДИК) во врска со предвремените парламентарни избори закажни за 5 јуни. Ова денеска го соопшти техничкиот премиер, Емил Димитриев, по средбата со членовите на ДИК. - Заклучивме сите ресори, особено МВР бидејќи...

Ховит, Кукан и Вајгл жалат што политичките партии не нашле консензус

Европскиот парламент инсистира сите политички партии да останат посветени на исполнување на сите аспекти од Договорот од Пржино, изјави за „Мета“ европратеникот Ричард Ховит, еден од тројцата медијаторите кои денеска се сретнаа со политичките партии пред истекот на синоќешниот краен рок. - Жалиме за пропуштената можност да се најде консензус меѓу сите партии. Се надеваме дека проблемот за кој денеска...

Ако сите работат посветено на 5 јуни може да има веродостојни избори, оцени Бејли

Американскиот амбасадор Џес Бејли пред ЕУ-инфoцентарот рече дека добра одлука е тоа што е постигнат договор предвремените парламентарни избори да се преместат и да се одржат на 5 јуни и потенцира дека ако сите работат посветено и играат според правилата, изборите можат да бидат веродостојни и да ја донесат државата до крај на оваа политичка криза. Одговарајќи на новинарско прашање,...

Ништо повеќе не зависи од „лажниот патриот Груевски“, порача Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција изјави дека одлуката за одложено распуштање на Собранието е уште еден доказ за пораз на Никола Груевски. - Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за одложено распуштање на Собранието е уште еден пораз за Никола Груевски. После сите лаги, измами, инаетења, со денови криења од јавноста, Никола Груевски ја призна својата одговорност. Нема услови...

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...