fbpx

Ховит за „Мета“: Квалитетот на изборите е поврзан и со датумот на нивното одржување

-

Датумот на одржувањето изборите и демократскиот квалитет на изборниот процес не можат да се разгледуваат одделно, изјави денеска за „Мета“, европратеникот Ричард Ховит, еден од посредниците во склучувањето на Договорот од Пржино.

Изјавата на Ховит доаѓа по одлуката на Собранието да се распушти и на опозицијата да не учествува на изборите затоа што не се создадени услови за веродостојни избори.

Ховит повтори дека за време на посетата на Македонија, на македонските политички партии им ја истакнале потребата, пред изборите, да се спроведе прочистување на избирачкиот список и да се продолжи со реформи во медиуми.

Сепак, тој не сакаше одделно од другите европарламентарци, Иво Вајгл и Едвард Кукан, да ја коментира одлуката на СДСМ да не учествуваат на изборите.

– Во овој момент нема да дадам други лични коментари, одвоени од моите колеги од Европскиот парламент, освен што ќе кажам дека останувам посветен, заедно со нив и со партнерите во Македонија, да ја разгледаме ситуацијата, во интерес на нашите заеднички демократски вредности и нашата заедничка европска иднина – рече Ховит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...