Брисел: Има уште многу работа за веродостојни избори

-

Има прогрес во подготовките за изборите, но има уште многу работа, оцени денеска портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.

– Одблизу го следиме развојот на настаните во Македонија. Што се однесува на подготовките за изборите што треба да се одржат за два месеци, направен е прогрес, но има уште работа што треба да се заврши за да се обезбедат веродостојни извори и да бидат во согласност со стандардите – изјави Коцијанчич.

Таа истакна дека треба да продолжи спроведувањето на Договорот од Пржино, како и спроведувањето на итните реформи.

– Во интерес на државата, пред сè на нејзините граѓани, е да се реши политичката криза. Се надеваме дека политичките партии ќе останат посветени на оваа амбиција, на оваа цел и на тоа што беше договорено, особено на тоа што се однесуваше на изборите, како и на реформските приоритети кои се, пред сè, во интерес на државата и на нејзиниот народ – рече Коцијанчич.

Не е точно дека Министерството за образование нуди бесплатни курсеви по англиски јазик за сите

Целта на вака креираната невистинита најава е да се генерира интернет сообраќај, односно да се убедат што поголем број корисници да пристапат до страниците коишто се рекламираат. Оваа објава...