fbpx
Таг: предвремени парламентарни избори

таг: предвремени парламентарни избори

Собранието го одложи самораспуштањето за 7 април – избори на 5 јуни

Со 83 гласа за и три против Собранието ја донесе одлуката за изменување на одлуката за самораспуштање. Законодавниот дом според новата одлука треба да се распушти на 7 април, односно 60 дена пред датумот на одржување на изборите. Пратениците, без СДСМ, ги изгласаа и измените на Изборниот законик со кој се дефинира 5 јуни како датум на предвремени парламентарни избори. Пред гласањето...

Партиите постигнале договор за избори на 5 јуни – Собранието се распушта на 7 април

Собранието на Република Македонија вечерва на вонредна пленарна седница ќе расправа за повлекување на одлуката за самораспуштање. Во предлог-одлуката за измена на одлуката за распуштање на собранието, потпишана и предложена од 27 пратеници се наведува: „Со оглед на тоа што не е постигнат договор за одржување на предвремените парламентарни избори за пратеници на 24 април 2016 година, се предлага пролонгирање на...

Николовски: СДСМ нема да учествува и нема да дозволи уште едни криминални избори

Дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, со жителите на Студеничани, Батинци и на Долно Количани разговараше за невработеноста и за тешкиот секојдневен живот, проблемот со иселувањето на младите кои бараат подобро утре надвор од земјава, соопштуваат од СДСМ. Како што се наведува во партиското соопштение, жителите се пожалиле на лошата патна инфраструктура, како и на немање основни...

Ахмети: Сите партии треба да учествуваат во носењето на вечерашната одлука во Собранието

Сите потписници на Договорот од Пржино треба да учествуваат во усвојувањето на вечерашната одлука во Собранието, порача лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со европратениците, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан. Според Ахмети, би било грешка да се донесе одлука без учество на сите страни. - Секако, и во овој случај, фанатично го браневме Договорот во интерес на неговото...

Тачи: Македонија да остане на патот кон Европа и НАТО

ДПА ќе продолжи да дава придонес во овие критични моменти Македонија да не го напушти патот кон Европа и НАТО, изјавил лидерот на ДПА, Мендух Тачи, по средбата со тројцата европратеници, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан. - Жал ми е што и пред европратениците и пред јавноста денеска уште еднаш се потврди мојата скептичност од пред осум месеци...

Ванхауте се „раствита“: Прво треба да се исчисти куќата, па после да се прави забава

Белгискиот олеснувач Питер Ванхауте преку својот твитер-профил ги поздрави разговорите за одредување датум за нови избори и со четири нови објави порача дека, сепак, треба да се спроведат сериозни реформи. „Убаво е да се види дискусија за датумот на изборите. Тоа што на земјата навистина ѝ треба се сериозни реформи. Прво се чисти куќата, па се прави забава“, напиша Ванхауте. Nice to...

Ховит, Вајгл и Кукан вечерва доаѓаат во Скопје

Европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан вечерва ќе допатуваат во Скопје, дознава „Мета“ од извори од Брисел. Бриселската тројка, која заедно со еврокомесарот Јоханес Хан посредуваше во носењето на Договорот од Пржино, во текот на утрешниот ден ќе се обиде да ги приближи ставовите меѓу владејачката партија и опозицијата за датумот на изборите. Засега нема информации дали европратениците...

Хан порача: Важен е квалитетот на изборите, а не нивниот датум

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, вечерва преку својот твитер-профил порача дека поважна е суштината и квалитетот на изборите, отколку датумот на кој тие ќе се одржат. „#Скопје, #Пржино договор: Суштината и квалитетот на изборите се поважни од датумот. Прочитајте го писмото што вечерва #ЕУ-#САД го доставија до премиерот #Димитриев +политичките лидери“, напиша Хан на „Твитер“. #Skopje, #Pržino agreement:...

ПССЕ повика целосно да се спроведе Договорот од Пржино

Лиса Кристоферсон и Вакери Гилетчи, коизвестувачи на Парламентарното собрание на Советот на Европа за постнадзорен дијалогот со Македонија, на крајот на својата посета на Скопје ги повикаa политичките лидери да постигнат договор пред предвремените парламентарни избори. Коизвестувачите велат дека земјата минува низ една од најсериозните политички кризи по 2001 година и оти Договорот од Пржино, кој го постигнаа главните политички...

По откажувањето на мини-самитот, агендата на Хан е празна, а посетата на Скопје – неизвесна

Посетата на еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, на Македонија, е сè уште неизвесна. Во медиумите се појавија информации дека Хан ќе го одложи доаѓањето поради мини-самитот на ЕУ посветен на бегалската криза, но по неговото откажување агендата на Хан е празна. Ниту во Европската комисија немаат прецизни информации дали Хан утре ќе ја посети Македонија или,...

Хан ќе ги чека извештаите на ОБСЕ/ОДИХР и на ДИК за предвремените избори

Вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, Фатмир Бесими, денеска во Брисел разговарал со еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, за организирањето на предвремените парламентарни избори, итните реформски процеси, спроведувањето на Рамковниот договор и за бегалската криза, соопштуваат од Секретаријатот за европски прашања. - Во однос на предвремените парламентарни избори, намера и желба на Европската комисија е тие да бидат...

Груевски: На Македонија ѝ се потребни избори за добивање стабилна влада

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со известителите на Комисијата за почитување на обврските и на заложбите на земјите-членки на Советот на Европа. Како што соопштуваат од партијата, на средбата било разговарано за актуелната политичка состојба, начините и за мерките што се преземаат за нејзино надминување, како и за интеграциските процеси важни за државата. Груевски посочил дека изборите на 24...

Заев: Договорот од Пржино е единствениот излез од политичката криза

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во придружба на заменик-претседателката Радмила Шекеринска и на пратеничката и потпретседателка на Собранието, Рената Дескоска, попладнево се сретнал со известителите на Комисијата за почитување на обврските и на заложбите на земјите-членки на Советот на Европа. На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија, спроведувањето на Договорот од Пржино и за потребата од негова...

Пендаровски: Гласот на Хан за избори на 24 април нема да биде пресуден

Гласот на еврокомесарот Јоханес Хан околу оценката дали се исполнети услови за избори на 24 април, нема да биде пресуден, изјави денеска во Охрид, Стево Пендаровски, претседателски кандидат на СДСМ на последните избори. - Постои можност комесарот Хан воопшто и да не дојде во Македонија, неговата денешна изјава укажува токму на таков развој на настаните. Најреално мислам дека по неговите изјави,...

Груевски: За ВМРО-ДПМНЕ е важно изборите на 24 април да бидат фер и демократски

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс, со кој разговарал за актуелната политичка состојба, односите меѓу двете држави и за интеграциските процеси на Македонија. Како што соопштуваат од партијата, Груевски посочил дека претстојните избори на 24 април се неопходни поради излез од наметната политичка криза и добивањето стабилна влада,...

Шекеринска: Со уште едни криминални избори, кризата ќе се продлабочи

Делегација на СДСМ, предводена од заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска имаше работен појадок со шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс. На средбата, како што соопштуваат од партијата, се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија, како и за мигрантската криза. - Поради изборните измами и манипулации на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, почна политичката криза во Македонија. Со уште едни...

Манчевски: Не ја коментираме работата на обвинителството и на судот

СДСМ нема да ја коментира работата на обвинителството и на судството, изјави денеска во Прилеп потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, по информациите дека не е определен притвор за осумтемина осомничени за изборни измами, меѓу кои се и поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, и поранешниот генерален секретар, Кирил Божиновски. Манчевски ја повтори нивната поддршка...

ЕУ: Да не се заплашуваат јавните функционери кои треба да создадат услови за кредибилни избори

Делегацијата на ЕУ при постојаниот Совет на ОБСЕ во Виена ги повика политичките партии во Македонија целосно да го спроведат Договорот од Пржино. „Европската унија потсетува на големата важност што ја придава на целосна имплементација на политички договор од 2 јуни, односно 15 јули („Договорот од Пржино“) меѓу четирите главни политички партии, кој има цел да ја надмине тековната политичка...

Заев: Медиумите треба да бидат решени до 19 февруари

На вчерашната средба со граѓаните на неколку населби во Штип, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потврди дека забрзано се работи на решавање на второто крупно нерешено прашање во работната група, за дорегулација на медиумите. - Амбасадорите најавија дека до деветнаесетти (прашањето за) медиумите мора да биде затворено ако сакаме да имаме навремена дорегулација на медиумите, за да се даде навремено, фер шанса...

Бугарски „Капитал“: Хан не е изваден од контекст, тоа ни го потврди и Коцијанчич

Бугарскиот неделник „Капитал“ денеска за „Мета“ соопшти дека еврокомесарот Јоханес Хан не е изваден од контекст и оти веродостојно е пренесена неговата изјава. - Изјавата на Хан е точно пренесена и не е извадена од контекст. Ја преслушав уште еднаш снимката и ги прегледав забелешките, а потоа и контактирав со портпаролката Маја Коцијанчич. Таа немаше никакви забелешки за интервјуто и ми...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...