fbpx

Ховит, Кукан и Вајгл жалат што политичките партии не нашле консензус

-

Европскиот парламент инсистира сите политички партии да останат посветени на исполнување на сите аспекти од Договорот од Пржино, изјави за „Мета“ европратеникот Ричард Ховит, еден од тројцата медијаторите кои денеска се сретнаа со политичките партии пред истекот на синоќешниот краен рок.

– Жалиме за пропуштената можност да се најде консензус меѓу сите партии. Се надеваме дека проблемот за кој денеска медијаторите разговараа со партиите ќе помогне во идентификувањето на критичните проблеми кои се уште можат да бидат основа за постигнување конечен договор и да овозможат новите избори да бидат веродостојни – рече Ховит.

Европратеникот на својот твитер-профил напиша дека во заедничката изјава на ЕУ и САД се вели дека „медиумските реформи се уште се дел од изборниот процес и потребна е напорна работа за изборите да бидат веродостојни.

Европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан вчера во текот на денот имаа средби со политичките партии со цел да ги приближат нивните ставови за датумот на изборите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пендаровски и Џафери со честитки по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот

Премиерот на преодната Влада, Талат Џафери, како и претседателот Стево Пендаровски, упатија честитка до граѓаните по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот. „Како држава, треба секогаш да размислуваме...