Новинарските здруженија бараат спроведување на медиумските реформи пред изборите во јуни

-

Претставници на пет новинарски и медиумски организации, Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска се сретнаа со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и побараа објаснување зошто пропаднаа разговорите за медиумите.

Како што се наведува во соопштението од ЗНМ, претставниците на организациите укажале на потребата за медиумски реформи пред изборите закажани за 5 јуни, како и на тоа дека СДСМ треба да има јасни и транспарентни ставови за тоа прашање.

„Беше оценето дека предлогот на СДСМ, 0,5 отсто од буџетот да се одвои за финансирање на МРТ не го решава проблемот со финансирање на јавниот сервис. Со предлогот се менува начинот на финансирање, но не се зголемува буџетот на МРТ. Потребни се целосни решенија кои на долг рок ќе ги решат проблемите на медиумите“, стои во соопштението на ЗНМ.

Претставниците на организациите инсистирале СДСМ да се залага за забрана на владиното рекламирање, за департизација на советите на МРТ и на Агенцијата за медиуми, интернет-порталите да се изземат од Изборниот законик и да се расветлат сите случаи на насилство против новинари.

„Беше истакнато партиите да не ги користат медиумите за меѓусебна пресметка затоа што тоа не помага за подобрување на состојбата со медиумите во Македонија“, стои во соопштението и се додава дека петте организации побарале средби со сите четири партии на кои треба да ги објаснат своите позиции во врска со медиумските реформи.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...