fbpx
Таг: посета

таг: посета

Хан доаѓа во Скопје идната недела

Последните случувања во Македонија го натераа еврокомесарот Јоханес Хан повторно да закаже патување во Скопје, во првата половина на идната седмица, информира неговата портпаролка, Маја Коцијанич, за „Мета“. Нејасно е дали неговата посета ќе се совпадне со таа на Викторија Нуланд, но САД и ЕУ се координираат. Коцијанчич изјави и дека дискусиите помеѓу политичките лидери се на критична точка. ЕУ...

Меркел денеска ќе се сретне со претставнички на Здружението „Мајки на Сребреница“

Германската канцеларка Ангела Меркел, денеска ќе претстојува во прва официјална посета на Босна и Херцеговина, каде ќе ја заврши тридневната балканска турнеја. Меркел во Сараево ќе ја пречека претседавачот на Советот на министри на БИХ, Денис Звиздиќ, а потоа канцеларката ќе се сретне и со членовите на Претседателството на БИХ. Предвидено е Меркел во текот на денот да ја посети изложбата...

Папата планира да џвака листови кока за време на посетата на Боливија

Папата Франциск, наводно, побарал да џвака листови кока за време на неговата посета на Боливија, јавува „Би-Би-Си“, повикувајќи се на изјава на министерот за култура на Боливија, Марко Мачикао. Коката, која е сурова состојка на кокаинот, се користи на Андите, илјадници години наназад, како средство против висинска мачнина и како благ стимуланс. Според Мачикао, боливиската влада му понудила на папата чај...

Кралицата Елизабета ги посети поранешните концентрациони логори во Германија

Британската кралица Елизабета Втора, во текот на последниот ден од нејзината посета на Германија, ги посети меморијалните центри на поранешниот концентрационен логор Берген-Белзен, што, како што оценуваат медиумите, е политички најзначајниот момент од нејзината посета. Кралицата и нејзиниот сопруг Филип, по лична желба на кралицата првпат го посетиле логорот, кој британската војска го ослободила од нацистите. Британската кралица во текот на оваа...

Попоски: Посетата на Коѕиас е мудар чекор на грчката дипломатија

Ова е мудар чекор на грчката дипломатија што ќе придонесе за евроинтеграцијата на регионот и за подобрување на билатералните односи, рече Попоски пред утрешната посета на неговиот грчки колега, објави „Телеграф“. Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, ја оценува како многу корисна утрешната посета на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас. Тој нагласи дека во овој момент двете земји се...

Коѕиас утре во Скопје на средби со целиот државен врв и со опозицијата

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, утре доаѓа во Скопје. Коѕиас ќе допатува во Скопје од Брисел, каде вчера и денеска учествува на Советот за општи и надворешни работи на ЕУ, на кој се разговара и за Македонија. Коѕиас ќе се сретне со целиот државен врв, но и со опозицијата, а главни теми се очекува да бидат мерките за градење...

Анџелина Џоли ги посети сириските бегалци во Турција

Холивудската ѕвезда и амбасадорката на добрата волја на УНХЦР, Анџелина Џоли, ги посети сириските бегалци во Турција и во таа пригода апелираше до меѓународната заедница да преземе акција за решавање на бегалската криза. Актерката во друштво на Антонио Гутиерес, висок комесар на Обединетите нации за бегалци, го посети кампот во југоисточната турска провинција Мардин, каде засолниште нашле илјадници Сиријци што побегнале...

Коѕиас в среда во Скопје

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, в среда ќе допатува во Скопје, на средби со македонскиот политички врв. Македонија ќе биде првата држава што ќе ја посети Коѕиас на неговата мини-турнеја низ Западен Балкан за зацврстување на врските и на соработката на Грција со балканските држави и за одржување на регионалната стабилност. Коѕиас се очекува во Скопје да одржи детални разговори за...

Претседателот на Меѓународната нотарска унија во посета на Македонија

Даниел Седар Сенгор, претседател на Меѓународната нотарска унија, денеска и утре, ќе престојува во Скопје по повод 17 години од основањето на нотаријатот во Република Македонија. Меѓународната нотарска унија е организација во која членуваат 86 земји од светот, од кои 22 земји-членки на Европската унија, и има цел да ги координира и да ги развива функцијата и работата на нотарите...

Грција не верува во позитивен исход од посетата на Коѕиас на Скопје

Колку посетата на грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас ќе успее да ги измазни и ќе помогне да се надминат разликите меѓу македонската и грчката влада? Во Грција владее благ песимизам дека оваа посета, иако корисна за топење на мразот меѓу двете страни, ќе успее да направи мала револуција и да ги приближи двете држави поблиску до решение. Според анализата...

Ципрас извисен во Брисел?

Неизвесно е дали ќе се случи долгонајавуваната средба на грчкиот премиер Алексис Ципрас со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд денеска во Брисел. Само неколку часа пред средбата, грчките медиуми јавуваат дека постојат гласини во странските агенции дека француската страна нема закажано средба денеска во Брисел со Ципрас. Иако од кабинетот на Ципрас најавија дека во...

Папата Франциск во посета на Сараево

Папата Франциск в сабота ќе го посети Сараево, 20 години по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, со кој заврши војната во Босна и Херцеговина. - Доаѓам меѓу вас, да искажам поддршка во меѓурелигискиот договр и да дадам поддршка за мирен соживот во вашата земја – порача папата Франциск во видеопораката упатена до граѓаните на Босна и Херцеговина. Еден од главните моменти...

Помошник на генералниот секретар на Обединети нации за човекови права во посета на Македонија

Помошникот на генералниот секретар на Обединети нации за човекови права, Иван Шимоновиќ, од денеска ќе престојува во дводневна посета на Македонија. Tој, притоа, ќе разговара за политичката ситуација во земјата.

Лавров: Јагланд да ја посети Македонија

Поради зголемената тензичност во Македонија, Русија предложила во регионот да биде испратен генералниот секретар на Советот на Европа, Торборн Јагланд, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. – Имајќи го предвид порастот на тензиите во Македонија, руската страна предложи испраќање на генералниот секретар на Советот на Европа во регионот - се наведува во соопштението на руското МНР, по учеството на Сергеј Лавров...

Коѕиас во јуни во посета на Скопје

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, го информирал министерот Никола Попоски за намерата да ја посети Македонија во јуни. Како што пренесува грчкиот весник „Катимерини“, двајцата министри за надворешни работи на Грција и на Македонија на вчерашната средба на маргините на редовниот состанок на НАТО во Анталија, разговарале за јунската посета на Коѕиас на Скопје, која била и една...

Еди Рама и Хашим Тачи ја одложија посетата на Македонија

Поради политичката ситуација во земјава, албанскиот премиер Еди Рама и шефот на косовската дипломатија, Хашим Тачи, ја одложија посетата на Македонија, која требаше да се реализира на 14 мај. Тие требаше да се сретнат со лидерите на ДУИ и на ДПА, Али Ахмети и Мендух Тачи, за да им дадат поддршка во напорите за подобра соработка на албанските партии во...

Туристите не откажуваат, агенциите ги уверуваат дека е безбедно

Туризмот е меѓу првите економски гранки што може да биде погодена од безбедносната ситуација и од политичката криза во земјава. А тоа најмногу се однесува во делот од туризмот што ги опфаќа туристите кои планираат да ја посетат земјава. Туристичката агенција „Фибула“ веќе пет години носи туристи од странство и велат дека ги уверуваат гостите дека сè е под контрола. - Странските медиуми информираат во врска со...

Заев од Куманово: Вечерва ќе се одлучува за идната стратегија на СДСМ

Лиерот на опозицијата, Зоран Заев, заедно со генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, и со градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски, ги посети куќите од Диво Насеље каде викендов се водеа борби помеѓу полицијата и терористичката група. Претседателот на СДСМ беше пречекан со овации, а народот го поздравуваше со аплауз. Заев рече дека дошол да го посети местото каде викендов се случуваа...

Иванов ја прекинува посетата на Москва, ќе го свика Советот за безбедност

Поради полициската акција во Куманово, претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, ја прекинува посетата на Москва и се враќа во Македонија. Веднаш по враќањето, се очекува да го свика Советот за безбедност. Членовите на Советот од ДУИ досега не учествуваа на неговите средби, бидејќи, според нив, Иванов не е легитимен претседател. Поради тоа последната седница на Советот беше наречена „седница на државниот врв“...

Коѕиас во јуни ќе ја посети Македонија

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас во јуни планира да направи тура низ Западен Балкан и да ја посети и Македонија. Коѕиас ја најави желбата и идејата да ги посети Македонија, Србија, Албанија, Косово, Црна Гора и Босна во интервју за радиото „Параполитика“, истакнувајќи дека овој чекор е за да се покаже интерес за поактивна грчка политика на Балканот. Коѕиас забележа дека...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...