fbpx
Таг: посета

таг: посета

Бан Ки-мун ќе оди во Москва за Денот на победата, но ќе ја посети и Украина

Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки-мун ќе патува во Москва за да присуствува на прославата за 9 мај, Денот на победата над фашизмот, но во текот на турнејата ќе ја посети и Украина. Портпаролот на Обединетите нации, Стефан Дижарик, денеска рече дека планот на Ки-мун за посета на Москва уште не е целосно готов. Тој ќе присуствува на одбележување на 70-годишнината...

Меркел во посета на Москва на 10 мај

Германската канцеларка, Ангела Меркел на 10 мај ќе замине во Москва за да им оддаде почин на милионите убиени во текот на Втората светска војна. Меркел денеска изјавила дека и покрај несогласувањата со Русија, нејзината посета на Москва е многу важна. - Постојат големи несогласувања меѓу нас и Русија, вклучувајќи го и прашањето за она што се случува во Украина. Меѓутоа,...

Авионот на Николиќ откажал над Јадранот

Авионот со кој претседателот на Србија, Томислав Николиќ, утрово полета за Ватикан, принудно се вратил на белградскиот аеродром поради дефект на едниот мотор, а посетата на Светиот стол е откажана. Неофицијално, моторот на авионот „фалкон“ престанал да работи над Јадранско Море. Леталото, кое се наоѓало на висина од 10.000 метри, почнално да паѓа околу два километри, но искусниот пилот успеал да ја...

Коѕиас идната недела на средби со Кери, Нимиц и со Ки-мун

Грчкиот шеф на дипломатијата, Никос Коѕиас, в недела заминува на еднонеделна посета на САД, каде ќе има бројни средби поврзани и со македонско-грчките односи и со спорот за името. Првата станица на Коѕиас ќе биде Вашингтон, каде ќе се сретне со американскиот државен секретар, Џон Кери, со кој се очекува да разговара за сите прашања од билатерален и меѓународен интерес,...

Следната недела нова посета на европски претставници во Македонија

На 22 април, во Македонија ќе допатуваат членовите на работната група на Советот на Европската унија, задолжена за Западен Балкан, потврдуваат службите во Брисел. Посетата на претставниците на Советот е дополнителен знак на загриженост на ЕУ за политичката криза во Македонија, бидејќи таа е на директен предлог на земјите-членки на ЕУ. Македонија, најверојатно, ќе се спомене и во заклучоците на следниот Совет...

Началникот на армијата на Словенија во посета на Македонија

Началникот на Генералштабот на војската на Словенија, генерал мајор Андреј Остерман, е во официјална посета на Армијата на Република Македонија. Главни теми на разговорите со неговиот домаќин, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески, се унапредувањето на билатералната воена соработка, заедничка обука и искуствата од учеството во мисиите предводени од НАТО и од Европската унија. АРМ ќе ги користи словенечките...

Претседателот Иванов утре во посета на Македонците од Пустец

Претседателот Ѓорѓе Иванов утре, во рамките на дводневната посета на Република Албанија, ќе престојува во Пустец и во Мала Преспа, каде ќе се сретне со македонската зедница од општина Пустец. Иванов ќе ја посети локалната самоуправа на општината, црквата „Свети Архангел Михаил“, како и гимназијата „Трајан Георгиевски и Митре Колевски“. Во делегацијата што ќе го придружува претседателот Иванов е и...

Посета на делегација на ПЕС во Македонија

Делегација на Партијата на европски социјалисти вчера ја посети Македонија. Делегацијата ја предводи Сергеј Станишев, претседателот на ПЕС. Како што информираат од СДСМ, на средбата се разговарало за политичката состојба во Македонија. - Ние се заблагодаривме за солидарноста што ПЕС ја покажа и кон нашата држава и кон граѓаните, особено ставајќи акцент на квалитетот на демократијата и на прашањето за...

Црногорскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија

Црногорскиот министер за надорешни работи и за евроинтеграции, Игор Лукшиќ, денеска е во официјална посета на Македонија. Тој ќе се сретне со својот македонски колега, Никола Попоски. Попоски и Лукшиќ ќе разговараат за досегашната билатерална и регионална соработка, а се очекува да бидат разменети мислења за европската перспектива на сите земји од регионот, како и за глобалните и за регионални...

Спикерот на албанскиот парламент, Илир Мета, го посети Пустец

Претседателот на албанското национално собрание, Илир Мета, ја посети Општина Пустец, каде оствари средба со градоначалникот Едмонд Темелко, како и со генералниот секретар на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, Васил Стерјовски, и со потпреседателот на партијата, Таќо Гроздани. Претставниците на македонската заедница во Албанија, го запознаа Мета со состојбата во општина Пустец, особено во делот на инфраструктурата. Беше нагласена потребата од...

Дачиќ во посета на Македонија

Во посета на Македонија денеска е претседавачот на ОБСЕ и шеф на српската дипломатија, Ивица Дачиќ. Тој ќе има средби со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Муса Џафери, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и со министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми. Министерот Дачиќ ќе ја посети Мисијата на ОБСЕ и ќе се сретне со амбасадорот Ралф Брет....

Јоханес Хан во посета на Македонија

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, денеска e во посета на Република Македонија. Според она што е до сега најавено, Хан ќе има средби со претседателот на државата, Ѓорге Иванов, со претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, како и со вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими.

Хан во Скопје ќе бара политичкиот дијалог да се води во Собранието

Јоханес Хан, комесарот за проширување, кој утре доаѓа во Скопје, најави дека ќе предложи еден вид посредништво на Европскиот парламент во македонската криза. - Кристално е јасно дека политичкиот дијалог мора да се води во парламентот и барам од сите политички партии дебатата да ја водат таму. Затоа побарав од претставници на политичките партии во Европскиот парламент сличен напор како...

Папата Франциск во јуни ќе го посети Сараево

Папата Франциск најави дека во јуни ќе го посети Сараево. Посетата е со цел да се заложи за мир во Босна и Херцеговина. Поглаварот на Римокатоличката црква посетата на Сараево на 6 јуни ја најави денеска, за време на обраќањето пред верници на неделната молитва на плоштадот Свети Петар. Папата од насобраните побара да се помолат за неговата еднодневна посета на...

Обама во вторник ќе се запознае со новиот саудиски крал

Претседателот на САД, Барак Обама, во вторник ќе отпатува во Саудиска Арабија за да се запознае со новиот крал Салман и да изрази сочувство на фамилијата на покојниот крал Абдула, велат од Белата куќа. Делегацијата на САД требаше да ја предводи потпретседателот Џо Бајден, но распоредот на Обама беше сменет и тој ќе ја скрати посетата на Индија за еден...

Хашим Тачи утре во посета на Македонија

Утре, во едноднева посета на Македонија, ќе престојува заменик-претседателот на Владата на Република Косово и министер за надворешни работи, Хашим Тачи. За време на средбата, министрите Попоски и Тачи ќе разговараат за досегашната билатерална и регионална соработка помеѓу Република Македонија и Република Косово, како и за можностите за нејзино натамошно унапредување и интензивирање во областите од заемен интерес за двете...

Јоханес Хан идниот месец во посета на Македонија

Идниот месец во посета на Македонија ќе дојде еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори, Јоханес Хан. Според протоколот, предвидено е на 19 и на 20 февруари тој да оствари повеќе средби со претставници на македонскиот политички врв.

Илир Мета идната недела во посета на Македонија

Наредната недела, во официјална посета на Македонија ќе престојува претседателот на албанскиот Парламент, Илир Мета. На 20 јануари, претседателот на албанскиот Парламент ќе има средба со својот домаќин, Трајко Вељаноски, а потоа и обраќање пред пратениците во македонското Собрание. Албанскиот гостин во рамки на посетата се очекува да има средби и со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.  

Антонио Милошоски во посета на Јапонија

На покана на парламентарниот заменик-министер за надворешни работи, Такао Макино, потпретседателот на Собранието на Република Македонија, Антонио Милошоски, ќе престојува во посета на Јапонија. Макино, кој е член на Горниот Дом на јапонскиот Парламент, е иницијатор за формирање на парламентарната група за јапонско-македонско пријателство, како заедничка цел на двете земји за унапредување на билатералните односи.  

Коце Трајановски ги посети децата од СОС Детско село

Коце Трајановски, градонаачалникот на Скопје, денеска ги посети децата од СОС Детско село и им подели новогодишни пакетчиња. Градоначалникот им посака на децата добро здравје и многу успеси во новата 2015 година. - Особено ме радува тоа што сум денеска тука меѓу вас, деца, но и меѓу целиот стручен тим и СОС-мајките кои безрезервно ви ја даваат својата љубов и...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...